
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Клиничката болница од Битола доби донација од фабриката “Кромберг и Шуберт“за одделот САРИЛ каде се донирани инфузомати и перфузор што се потребни за подобар третманот на пациентите во делот на давањето лекови.
-На огромно задоволство денес имавме гости од фирмата „Кромберг и Шуберт“ каде во САРИЛ беа донирани 2 инфузомати и 1 перфузор чија намена е контролирано давање на лекови и подобрување на третманот на нашите пациенти. Соработката нема да застане овде напротив ќе продолжи и понатаму. Во името на менаџерскиот тим на Клиничка болница Битола, вработените во САРИЛ како и во името на нашите пациенти изразуваме голема благодарност за донацијата, вели Сузана Конеска портпарол на Клиничката болница во Битола.

Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески заедно со раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Гого Видимче и градоначалничката на Могила Јасмина Гулевска направија увид на изведбените работи за уредување на коритото на река Шемница во Могила.
Во тек е четвртата фаза од проектот за регулација и уредување на речното корито на Шемница во должина од еден километар и 200 метри. Откако ќе се заврши со оваа фаза ќе се почне со поставување на електрификација и урбана опрема, а доколку дозволат временските услови уредувањето на речното корито на река Шемница во општина Могила ќе биде завршено оваа градежна сезона, рече градоначалничката Јасмина Гулевска. За оваа фаза предвидени се над 2,7 милиони денари.
Свечена литија и поворка низ центарот на градот, на денешниот празник „Крстовден“ организираше црковниот одбор на црквата „Св. Константин и Елена“ во Битола, по повод 50 години од нејзината дислокација. Црквата бил изградена во 1903 година на местото каде што денес е хотелот Епинал во Битола. Во социјализамот, поради изградбата на хотел, храмот бил срушен, а реликвиите и другиот црковен материјал бил пренесен денешната црква која во Влашкото маало се изградила во 1969 година.
-Со благослов на митрополитот Петар , ја организираме оваа литија по повод 50 годишнината од дислокацијата на храмот „Св. Константин и Елена“, кој порано беше на местото на хотелот Епинал, а сега е на друга локација на улицата „Стив Наумов“. Значи Влашката црква се дислоцира заради изградбата на хотелот, рече Стефан Хаџиантоновски, претставник на црковниот одбор .
Од Вашката заедница во Битола највија дека со настани ќе продолжат во текот на целата година , а ќе биде издадена и монографија за храмот во текот на октомври.
Хаџиантоновски вели дека Власите од Битола реагирале своевремено на одлуката на градот на местото на црквата да се гради хотел, по што реакции и со поддршка од тогашниот митрополит Климент било решено да се подигне нова црква на друга локација, а потоа да се руши старата црква.


Баба Стефана Дилева која има осудесетина години потпирајќи се на бастунот денес со голема надеж го пречека медицинскиот тим кој ќе работи во амбулантата во Бач, општина Новаци, што се отвори по 13 години за да им пружа подобра здравствена заштита на населението.
Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола денеска со креативна работилница намената за ученици го одбележа Европскиот ден на јазиците , којшто од 2001 година по предлог на Советот на Европа го слават 47 земји членки. Денешната работилница што се одржа во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ го поттикна интересот кај учениците за изучување на што е можно повеќе јазици зашто на тој начин светот станува заеднички без јазички бариери. На штандови наставници по англиски, германски и француски јазик им презентираа на ученици од ОУ „Гоце Делчев“-Битола како на наједноствен начин се изучува странскиот јазик.
Проблемите со достава на огревното дрво до пензионерите се надминуваат, а деновиве веќе се носат до сите кои се евиднтирани на списоците и кои платиле, вели новиот претседател на Здружението на пензионери во Битола, Томе Димитровски, кој вчера ја презеде функцијата. Од таму потврдија дека нивните заложби се огревното дрво да стигне до пензионерите до почетокот на грејната сезона.
За тотален хаос и безидејност во образованието, денес на прес конференција обвини Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.
„Втора учебна година започнува под раководство на оваа Влада и втора година на неисполнети обврски, тотален хаос и безидејност. Иако и локалната и централната власт имаа доволно време да се екипираат и да ги обезбедат потребните учебници, сеуште нема учебници целосно. За шесто одделение, две години се чекаат нови учебници, а децата сеуште користат прастари учебници од 2009, 2010 и 2011 година. За останатите одделенија нема нови учебници по оние предмети по кои минатата учебна година МОН ги повлече од употреба, но не знаеме колку години ќе им се потребни за да ги заменат со нови“, обвини Марина Стефановска Јовчева член на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола.
Во недела секоја глас „за’’ носи подобра иднина за нашите деца, нивната иднина е во нашите раце и во нашиот глас, порача од Могила, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски. Тој денес во Пелагонскиот Регион, поточно во општините Могила, Новаци и Битола и ги повика жителите масовно да излезат во недела на референдумот и да гласаат за европска Македонија.
„Во недела се соочуваме со историска одлука , сите подеднакво одлучуваме за нашата иднина и сите сме исправени пред предизвикот и изборот- дали да одлучиме за изолацијата во минатото или за напредокот во иднината? Како генерација имаме обврска да ѝ помогнеме на нашата Македонија да тргне напред, ова е одлука на нашата генерација. Клучен чекор за тоа е референдумот во недела. Во недела секоја глас „за’’ носи подобра иднина за нашите деца. Што и да направите во недела, трајно ќе влијае врз иднината на нашиот живот, врз индината на држава. Што и да направиме во недела трајно ќе влијае врз иднината на нашите деца, на идните генерации. Иднината на нашите деца е во нашите раце и во нашиот глас’’, рече Кирацовски.
Нова јавна набавка за идеен и основен проект за гасификацијата на Битола се очекува да се распише до крајот на оваа или на почетокот на следната недела во која ќе стои дека проектот ќе треба да ја земе предвид и топлификацијата на градот.
Жителите во пет битолски села од денеска повторно можат да добија здравствени услуги во руралните амбуланти. Објектите кои некогаш служеле за оваа намена, во минатото биле затворени и оставени да пропаѓаат, а сега повторно се ставени во функција. Медицински тим, составен од доктор и медицинска сестра, во определен термин во текот на неделата, ќе обезбеди примарна и превентивна здравствена заштита за жителите на селата Доленци, Цапари, Породин, Лопатица и Бач. Од Здравствениот дом во Битола најавија дека за скоро време ќе биде вклучен и втор медицински тим кој ќе работи во овие амбуланти.
- Засега населението ќе има еднаш неделно отворена амбуланта, но со вработувањето на вториот тим, ќе имаат двапати во неделата функционална медицинска заштита. Покрај прегледите, пациентите ќе можат да добиваат и ЕКГ услуги, мерење на гликемија, консултативни прегледи, а во иднина се размислува и за теренско делување кај немоќните пациенти. Проектот ќе биде во неколку етапи, а ова е само почеток, рече директорката на Здравствениот дом Битола, д-р Весна Спировска.

Прегледите во селата каде нема амбуланти досега се вршеа на крајно недостоинсвен , но и нефункционален начин, како за пациентите, така и за лекарите, односно здравствените услуги се даваа на улица или во несоодветни објекти.
-Со ставањето во употреба на овие амбуланти, пред се, му се враќа приватноста на пациентот при извршување на лекарските прегледи, а со тоа се враќа и достоинството на лекарите, кои досега вршеа прегледи на улици, кантини, во школи за време на летни распусти, ситуација која што навистина не наликуваше на ништо, додаде Спировска.

Проектот е во соработка со Министерството за здравство и претставува почеток во развојот на примарната здравствена заштита, односно можноста на секој жител во Македонија да ја добива оваа здравствена услуга, а Општина Битола, даде поддршка за инфраструктурно уредување на објектите.
-На овој начин практично им се олесни на локалното население согласно нивните потреби од здравствената сфера, да ги добијат здравствените услуги во овие пет објекти. Покрај олеснителната околност за локалното население, ќе се намалат и гужвите кои што ги има во здравствените установи во градот, што претставува взаемен бенефит. Севкупната поддршка која што можеше да ја даде Општина Битола во инфраструктурното уредување, како на пример водовод во амбулантата во селото Породин, целосно ја даваше во сите амбуланти“, рече Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола.

Во обновувањето на веќе постоечките објекти, придонес даде и локалното население, кое се вклучи во активностите амбулантите повтроно да бидат ставени во функција. .