Анета Блажевска

Анета Блажевска

Центарот за јавно здравје од Битола од понеделник до петок следната недела ќе ја спроведе првата фаза од дезинсекцијата на градот. Ќе се прска од земја во вечерните часови од 6 до 10 јуни, односно од 19 до 02 часот по полноќ. Ви го прнесуваме интегрално соопштениетп од Центар за јавно здравје Битола.

ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Попладне претежно во северните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

 

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До недела ќе се задржи натпросечно топло време, а попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, во сабота со можна појава на град. Од понеделник времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Температурата ќе биде во опаѓање.

Извор : УХМР

На Самитот за електрична енергија кој се одржува во Атина, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, се сретна со новоназначениот директор на Енергетската заедница (ЕЗ), Артур Лорковски.

Директорот Ковачевски го запозна Лорковски со предизвиците со кои се соочи државата во текот на енеретската криза, како и успешното менаџирање преку АД ЕСМ со сила поддршка од Владата на Р. Северна Македонија. Беа истакнати предизвиците кои се очекуваат во текот на годината, како и за следната грејна сезона 2022/23г.

Лорковски, од своја страна изрази поддршка за државата и за АД ЕСМ како лидери во енергетската транзиција во Југоисточна Европа и порака да се продолжи во истиот правец.

Договорена е работна средба која ќе се одржи во Скопје на крајот на јуни, на која подетално ќе се разговара за енергетските теми и проекти.

Малата Ања Гроздановски од Битола, која има пет години, на концертот на детскиот хор Ѕвончиња што се одржа вечерва во Офицерски дом во Битола, заедно со својата професорка Александра, на пијано ја отсвири Птица и со тоа се запиша како најмладата пијанистка која седнала покрај Безендорферот кој од неодамна е преселен од битолскиот Музеј во акустичната сала на обновениот Офицерски.

Малото девојче покрај својот настап на пијано, го отпеа и познатиот детски хит од СИ ДО 1994 година „Боби баш ми е гајле“.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани