
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Детскиот хор „Ѕвончиња“ под раководство на Марина Коруновска, вечерва во Офицерскиот дом во Битола го одржаа првиот концерт по 3 годишна пауза поради пандемијата. Концертот насловен „Од децата за децата“ што се одржа по повод Светскиот ден на детето, 1 јуни, а имаше и хуманитарен карактер.
Четири ученици од Основното училиште „Даме Груев“, во придружба на наставничката Соња Јанкуловска и директорката Биљана Бакиевска- Дамчевска заедно со партнерските училишта од Турција, Литванија, Финска и Италија учествуваа на проект од Еразмус мобилност во Атина, Грција. Во проектот беа вклучени учениците Симона Николовска,Сара Божиновска, Викторија Бикова и Миа Димевска.

Активностите се дел од Еразмус проектот ,, Gаме on“, кој има за цел развивање на здрави навики на живеење преку промена на начинот на исхрана, поголема физичка активност, ментално здравје и сл.Главен акцент на оваа мобилност беше ставен на физичкото здравје каде научија различни видови на спортови и кратки вежби за одржување на нивното здравје.
Познато е дека Грција е искусна во одржување на различни спортски настани, па учениците имаа можност да го сретнат олимпискиот првак, гимнастичар, Димостенис Тампакос и да поразговараат за неговите успеси, а го посетија и Kallimarmaro -единствен олимписки стадион направен целиот од мермер.
„Н
е смееме да ја изоставиме посетата на Акропол древна тврдина која содржи остатоци од антички градби со големо архитектонско и историско значење. Активности се реализираа и во самото училиште почнувајки од топло добредојде, работилници за физичкото здравје, драмски перфоманси , работилници за здрави диети и сл“, велат од ОУ „Даме Груев“.
Тимот од шест учесници се врати во својата земја побогати со уште едно искуство и многу заеднички пријателства.

Екипита на ЈКП - Водовод Битола е на терен и работи за побрзо нормализирање во водоснабдувањето на: ул."Илинденска", "Драгорска" и "Кирил Пејчиновиќ", а додека траат активностите околу санацијата, граѓаните можат да се снабдат со чиста вода за пиење од цистерната на ЈКП Водовод - Битола што е поставена во м.в. Ширина во населба Баир, пишива во соопштението од јавното претпријатие.

Со реакција за просторот зад некогашниот Пионерски дом во Битола, каде се отсранети гаражите и сечени дрвја, се огласија и битолските социјалдемократи
