Анета Блажевска

Анета Блажевска

Членовите на Здружението на пензионери од Битола беа меѓу најуспешните натпреварувачи на Регионалните спортски игри што викендов се одржаа во Крушево под покровителство на Сојузот на пензионери на државата. На Регионалните пензионерки спортски игри учествуваа претставници на здурженијата од повеќе градови. Се натпреваруваа во повеќе дисциплини и тоа, шах, домино, пикадо, влечење јаже, кошарка  и друго, со што покажаа дека иако пензионери сепак се уште се витални и добро ги служи здравјето.

Покрај натпреаврувачкиот дух, игрите послужија и за ширење на пријателството. Победниците добија благодарници и пласман на Државните пензионерски спортски игри што ќе се одржат на есен.игри

куку

Учениците од Средното општинско училиште „Таки Дасакало“ од Битола, денеска во малата сала на  Центарот за кутура ја реализраа театарската претстава „Викенд на мртовци“ под менторство на професорката по македонски јазик Весна Јовановска. На сценографијата за претставата и дел од костимите работеа ученици од СОУ „Таки Даскало“ и ученици од преку 10 основни училишта.

Барем едно од министерските места во Владата што ќе се реконструира да биде пополнето со кадар од Битола, очекуваат битолчани. Целта е да се лобира повеќе во Владата за проекти кои се значајни за Битолскиот Регион.

Биточани четири години немаат добиено министерско место. Во Владата на Заев од Битола беше само заменик министерот за здравство, Гоце Чакаровски, кој потоа беше поставен за национален координатор од истата област.

Точно е дека на Битола и недостигаат паркинзи, но, исто така,  факт е дека се поголем број возачи одбиваат да платат паркинг, па создаваат хаос во централното градско јадро, затоа што ги паркираат автомобилите каде ќе стигнат.

„Здравјето пред сè” или „Health comes first e проект финансиран од Европската комисија и поддржан од Националната Агенција за европски програми и мобилност, како дел од програмата Erasmus + .  Овој проект се спроведува од странана ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ –Битола, под раководство на координаторот Татјана Трајковска.

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека на 31.05.2019 истекува рокот за увид во претпополнетата Годишна даночна пријава за 2018 година.
Заклучно со овој рок даночните обврзници кои се регистрирани на системот е-Персонален данок преку своите кориснички профили имаат можност да го менуваат статусот на пријавата, односно да ја потврдат или да ја коригираат.
По истекот на законскиот рок на 01.06.2019 Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана.
На 01.06.2019 службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени или коригирани.

Годишната даночна пријава којашто граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи.
Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година.

Пресметаната разлика за доплата по Годишната даночна пријава и платените аконтации во 2018 година, даночните обврзници имаат обрска да ја платат најдоцна до 30.06.2019. Согласно законските одредби УЈП нема да носи Решение за 2018 година за пресметаниот годишен персонален данок од доход.
Граѓаните кои имаат потреба од помош при коригирањето на претпополнетите Годишни даночни пријави можат да се обратат во контакт центарот на Управата за јавни приходи на телефонските броеви 0800 33 000 (само од фиксни оператори) и 02/3253 200 (од сите оператори).

Воедно, апелираме до граѓаните кои оствариле приходи, а сеуште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги предвид бројните придобивки на користењето на системот, меѓу нив и заштедата на време коешто досега даночните обврзници го губеа чекајќи во долги редици пред шалтерите и во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи.

Изворното соопштение е достапно на веб страната на УЈП http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/699

Петмина мажи биле фатени викендов со приколка полна со риби украдени од рибникот Букри, информираше битолската полиција.

-На 26 мај околу 20.30 часот во СВР Битола била пријавена кражба на риби од рибник Букри. Полициски службеници излегле на местото и затекнале патничко возило со приколка полна со риби и пет лица А.С.(33) од Битола, А.Н.(34) од с.Живојно, П.С.(54) од Битола, Б.А.(25) од с.Гермијан и С.К.(61) од с.Канино. Лицата биле лишени од слобода и по целосно докуменитрање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР-Битола.

Приватниот „Интимен театар“ од Битола ја подготвува претставата  „Жени“ во која наместо професионални актери, ќе играат битолчанки болни од рак на дојка.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани