Анета Блажевска

Анета Блажевска

Холот на Гимназијата „Јосип Броз Тито“ денес беше полн со штандови здрава храна. Таму за првпат се одржа македонско-словенечки доручек со цел да се влијае кај учениците да се хртанат здраво, но да се поттикнат и школите за воведување здрав оброк за учениците. Настанот беше организиран под покровителство на Амбасадата на Република Словенија и „Бага фуд“ од Битола, а во соработка со Гимназијата и Словенечкото здружение „Триглав“ од Битола.

По повод глобалната кампања 16 дневен активизам за спречување насилство врз жените, водени од паролата Нема Оправдување, ученици од СОУ  Гимназија „Јосип Броз-Тито"- Битола во организација на тимот за превенција од насилство предводени од психологот Лидија Споа и професорот Никола Трајковски и оваа година традиционално имаа повеќе активности : кратка драматизација во која беше прикажано семејно насилство, Флеш моб... годинава, во соработка со ученици од ОСМУ "Д-р Јован Калаузи" Битола под менторство на Иле Марковски.

78819590 2758293014220904 7376519400741928960 n

 

Младинскиот културен центар од Битола по повод петти декември Меѓународниот ден на волонтерите, додели два златни сертификата за волонтерство и тоа на Граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ и на Ротари клубот Битола Широк Сокак.

Со чествување на делото на Горан Стефановски, Универитетската библиотека во Битола „Св. Климент Охридски“ денеска го одбележа својот патрон празник. На неговото творештво се осрвна реномираниеот македонски поет, есеист, литературен критичар Раде Силјан, кој рече дека творештвото на Горан Стефановски е длабоко сраснато за македонската почва, преточено во  брилјантен драмски јазик кој комунцира на широки релации.

Република Бугарија донираше 40 000 евра за реконструкција на подрачните училишта „Гоце Делчев“ во селата Радобор и Чарлија во општина Могила. Денес реконструираните школи ги посети бугарската делегација предводена од  министерот за здравство на Бугарија Кирил Анaниев, бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов и бугарскиот конзул во Битола, Димитар Иванов. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани