Анета Блажевска

Анета Блажевска

По пауза од четврт век Народниот театар од Битола во своја продукција на сцена поставува детско-младинска претстава. „Си беше еднаш во иднината“ е новата премиера работена по текст на Сашо Кокаланов, а во режија на Срѓан Јанаќијевиќ, закажана за во петок.

„Како продуцент на претставата сум особено горд што после 25 години со поддршка на Министерството за култура продуцираме една детска и младинска претстава. Имавме обиди и минатите години, но за жал не добивме средства од Министерството да ја ревитализираме или реанимираме детско-младинската сцена во Тетарот во Битола. 25 години беа потребни затоа што некој своевремено решил дека аплицирајќи до Министерството за култура тоа ќе го одземе правото да се добие проект кој би го нарекол целовечерен. Не би рекол дека тоа е некаква незаинтересираност иако би требало да се обрне повеќе внимание зашто тоа е публика која понатаму треба да се едуцира и би требало да се потрудат да го направат тоа макар и на мускули“, рече на денешната прес конференција Иван Јерчиќ, директор на НТБ.

Уметничката директорка Илина Чоревска рече дека нити еден режисер или драматург нема дојдено со детски текст или со предлог да работи детска претстава.

„Тоа говори за тоа колку ние немаме однос кон најмладата публика која мораме и треба да ја едуцираме за театар. Ние сме направиле непоправлива штета во тој поглед. И ова е текст направен по нарачка на Народниот театар од Битола и благодарност до режисерот што се нафати зашто имавме добиени друга претстава од Министерството за култура, а и тие изгледа во пресрет да го сменат текстот’’, рече Чоревска.

Режисерот Јаниќијевиќ рече дека важно е да се имаат младински претстави зашто театарите кога немаат редовен детски репертоар, кога работат претстави за деца, тие се за најмладите, а а младинците се заборавени.  

„Постојано има една театарска дупка во образованието, се воспитуваат децата театарски до седум-осум години и кога е најважно за младите од 8 до 19 години многу ретко се случуваат претстави. Дури и Театар за деца и младинци по повеќе од 20 години постоење има две- три младински претстави што е многу малку во однос на другите стотици претстави“, рече режисерот.

Претставата е приказна за две деца Адила, бегалка од Истокот со папагалот Рамин и Андреа чии родители не се дома, но цело време е со својот андроид.   

„На една група деца им велам нацртајте вазна, а не знаат што е вазна, не знаат да нацртаат овошја, не зборувам за папаја туку за наши овошја. Нивните братчињата и сестричињата ги отпишуваат од училиштето ‘Ѓорги Сугарев’ и ги запишуваат од други училишта поради предрасуди. Дечиња велат дека учителките, место да доаѓаат 10 минути порано, стигнуваат 10 минути подоцна на час. Претставата ќе отвори еден куп такви проблеми’, рече актерот Никола Пројчевски.

Во претставата ликот на Адила го игра  Сандра Грибовска, на Андреа Анастазија Христовска,  таткото Мартин е Огнен Дранговски, мајката Матеа -Валентина Грамосли, палагалот Рамин -Никола Пројчевски, Нова-Никола Стефанов, полицаецот Менде Филип Мирчевски, бабата Менче Елена Моше. 

Ж.З.

Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Елена Трајчевска, член на  Советот на Општина Битола, најдоцна за еден месец ќе добие принова,  а  ова е прво нејзино дете. По подолг период, Трајчевска  е прва жена во битолскиот Совет која станува мајка за време на советничкиот мандат. Таа веќе влезе во деветтиот месец, а на седниците на Советот активно   ги извршува своите обврски. Рече дека нема да отсуствува од седниците и по породувањето.

Обемот на проблемот со насилството врз жените и девојчињата станува алармантен. Една од три жени во Европа е жртва на физичко или сексуално насилство. Речиси сите жртви на трговија со луѓе поради сексуална експлоатација во рамките на ЕУ се жени и девојчиња. Во земјите во развој едно од три девојчиња е во брак пред да наполни 18 години. Мора и кај нас во Македонија да нѐ загрижува тоа зашто постојат малолетнички бракови и се зголемува нивниот број, рече Фатма Бајрам Аземовска од „Сумнал“ -Здружение за развој на Ромската заедница во рамки на кампањата „16 дена активизам за спречување на насилството врз жените и девојчињата“ која започна од 25.11.2019 година и трае до 10.12.2019 година.

Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески при посетата на Општина Могила направи увид на тековните проекти од оваа година како и реализираните од 2018 година. Градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска  го запозна заменик министерот како течат работите на лице место, а особено  внимание предизвика изведбата  на мултифункционален објект во населеното место Ивањевци.

-Реконструкција на улици во Могила 2.077.843,00 денари

-Изработка на техничка документација - проект и ревизија на Канализациона мрежа со пречистителна станица во Добрушево и Ивањевци 645.157,00 денари

-Изградба на канализација со пречистителна станица во Ивањевци 5.101.000,00 денари

-Изградба на мултифункционален објект во Ивањевци 5.328.800,00 денари

"КУД НОВАЦИ" од Новаци изминатиот викенд настапи на на фолклорниот концерт во Годлево,општина Разлог во Р.Бугарија. Патувањето и гостувањето на игроорците беше овозможено од Општина Новаци. 
-Игроорците од „КУД НОВАЦИ“ се постојани промотори на фолклорот и традицијата од нашиот крај претставувајќи ја општина Новаци не само на национално туку и на меѓународно ниво.

Благодарност до градоначалникот Љубе Кузманоски и Советот на општина Новаци кои со финансиска поддршка го овозможија учеството на нашето фолклорно друштво во Бугарија.

Благодарност и до организаторите и добрите домаќини со што нашите членови од „КУД НОВАЦИ“ од Банско понесоа позитивни моменти, велат од „КУД НОВАЦИ“.

DSC 0132

На  13 декември  (петок) во изложбениот салон Магаза, ФКК Битола ќе ја претстави својата осма по ред изложба на уметничка фотографија. Изминатите години клубот со својата работа успеа да создаде публика која верно ги исчекувше ваквите настани, кои за воља на вистината се се поретки во нашиот град. Оваа година ФКК Битола не беше присутен со изложби, но беше ангажиран преку разни предавања и активна популаризација на фотографијата поготово кај помладите генерации. Резултатите од таа работа ќе можат да се видат на изложбата која клубот ќе ја постави парарелно со „годишната“ во друг алтернативен простор. На крајот останува, сите кои се интересираат за фотографијата да дојдат и да уживаат во ретката можност да ги видат изложените фотографии на своите сограѓани, кои скоро една деценија активно се занимаваат со уметничка фотографија и имаат постигнато завидни резултати. Отворањето на изложбата е со почеток од 20.00 часот.

Најстариот факултет во Битола, Техничкиот, кој опстојува половина век е дивоградба. Факултетот бара од Општина Битола согласност за да отпочне легализација зашто дел од земјиштето каде е изграден е општински. Одуката на денешната седница треба да ја донесат битолските советници. Техничкиот факултет сака да покрене постапка за легализација за да може да постави фотоволтаици. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани