Анета Блажевска

Анета Блажевска

Од страна на домашните менаџери во дел од компаниите со странски капитал во земјава се врши голем притисок врз работниците синдикално да не се здружуваат, а голем удел во ова имаат и некои државни трудови инспектори кои не се на ниво на задачата, рече Слободан Трендафилов од Сојузот на синдикати на Македонија на денешната јавна дискусија „Синдикално здружување во приватниот сектор“ во организација на МКЦ-Битола.

Да се укине фејсбукот за жените да не можат да се прегледуваат една со друга, предложил жител од пелагониското село Долно Агларци во анкетен прашалник за руралната жена како да стане успешен претприемач без стереотипи и предрасури. Истражувањето го спроведуваше Здружението „Зелена берза“ од Битола во проект финансиран од Фондацијата Отворено општество, а со цел да се намдминат стреотипоте кои се дискриминаторски кон жените. Беа анкетирани 350 жени и мажи од повеќе села во општините Новаци, Могила Крушево и Битола.

Времето денеска променливо облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места врнежи од снег, особено претпладне. Дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура се движеше од минус два до шест, а дневната од еден до девет степени.

Во Битола денеска највисоката температура ќе достигне до 6 степени.

Преодно стабилизирање ќе има во четврток, а во петок кон крајот на денот и во сабота се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег.

На Ѓавато снег

Декември 11, 2019

Снег во моментов врне на планинскиот превојот Ѓавато, јавуваа читатели на Апла.мк. 

79771829 1255565664647090 673788434967429120 n

Слаб снег утринава има и на неколку планински превои, јавуваат од Авто мото сојузот .

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози.

Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќајот е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

Владата на денешната седница донесе решение да се укине Законот за трговија на зелените пазари што беше донесен на иницијатива на повеќе пратеници и имаше одложено дејство и требаше да стапи на сила од 1 јануари 2020 година.

-Оваа одлука е прифатена со задоволство не само од пазарџиите, туку и од нас вработените во ЈП Пазари –Битола.  Овој закон ќе беше штетен за пазарџиите, но и за нас како јавно претпријатие бидејќи од година во година се намалува  бројот на закупци на тезги, а овој закон каков што беше направен ќе ја отежнеше уште повеќе состојбата, изјави Владе Атанасовски директор на ЈП Пазари-Битола.

Според Атанасовски се очекува Министерството да  изготви нов закон во консултација со сите засегнати страни во кои ќе бидат вметнати забелешките на пазарџиите.

Во просториите на СВР Битола денеска беше одбележан Денот на превенцијата во полицијата 9 –ти декември. Во склоп на одбележувањето на дечињата од градинките, основните училишта, учениците од сообраќајните единици од основните и средните училишта, на претставниците од Црвениот Крст, Општината, невладините организации, Општинскиот и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, од страна на Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Битола, им беше презентирана дел од опремата и возилата со кои располага полицијата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани