
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со министерот за здравство Венко Филипче побара да се затворат градинките, училиштата и факултетите на ниво на целата држава во следните 14 дена. Предлогот на Комисијата, министерот ќе го достави до Влада која ќе донесе одлука уште на денешната седница. Одлуката ќе биде соопштена во јавноста. Исто така, Комисијата предлага да се забранат сите масовни собири на отворено и затворено , сите културни настани и спортски натпревари, да избегнуваа јавен превоз. Комисијата препорачува сите вработени во јавното здравство да бидат ослободени од понатамошни активности поврзани со изборниот процес.
Инаку, во Битола има помалку од 15 000 ученици во десет основни и седум средни училишта.
Почитувани граѓани на Битола,
Сакаме да Ве известиме дека Платформата за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух ЗЕМИ ЗДИВ Битола на денешната седница на Управниот одбор донесе Одлука со која за време на предизборната кампања за престојните предвремени парламентарни избори, ПЛАТФОРМА ЗЕМИ ЗДИВ како правен ентитет - НЕМА да земе учество на никакви јавни трибини, дискусии, тркалезни маси или разни политички настани организирани од страна на политички партии, независни листи или било какви формални и неформални политички собири. Оваа Одлука не го исклучува правото на основачите на Платформата индивидуално да бидат дел од вакви настани, но тие немаат овластување да ја претставуваат или да зборуваат во име на Платформата.
На Институтот за физика во рамките на Приридно-математичкиот факултет во Скопје, на 6 и 7 март се одржа Школа по астрономија. Од СОУ „Таки Даскало“-Битола учество зеде ученичката Ева Сиваков од I-12 клас, билингвална паралелка. Во рамките на Школата се одржа и Државниот натпревар по астрономија, на кој Ева Сиваков освои пофалница.
Завршната сметка на општинскиот Буџет за 2019 и неколку точки поврзани со финансиското работење на општина Битола за претхадната година, се најдоа на усвојување пред советниците на денешната седница на Советот на Општина Битола. Опозицијата обвини на слаба реализиација на капиталните инвестиции.
Бурим Керими од ДУИ и коалицијата во две и пол годишен советнички мандат, во кој ретко се обраќаше од говорница, дури денес проговори за неговите ставови за Битола и им реплицираше на советниците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Керими им рече на колегите од двете партии, со кои ДУИ коалицираше во двата последни мандата и беше дел од нивните Влади: „ Од 1991 година имаме две партии кои командуваат со овој Совет, двете партии како ВМРО-ДПМНЕ, така и СДСМ биле против интересот на битолчани и Општина Битола“.Репликата доаѓа во време кога се заладија односите меѓу СДСМ и ДУИ на централно ниво пред престојните предвремени парламентарни избори.
Да земе збор го поттикна расправата во Советот за мајмунчето Лука во зоолошката градина, дали имало услови да живее таму или не. Керими рече дека зоолошката градина ѝ била понудена од власта во 2017 година да ја менаџира кадар од ДУИ. Тоа за него лично и персонално од преку 50 директорски места на локално ниво било многу понижувачко. И праша зошто нема ни еден раководител на локално ниво од другите етнички заедници, додавајќи дека биле маргинализирани.
На ова го прекрати претседателот на Советот, Валентин Груевски, опоменувајќи го него и другите советници полтика да бистрат надвор од Советот на прес конференции.
Керими, потоа, искритикува дека од главни приходи и расхои Општина Битола има 317 милиони денари, 76 милиони се потропшиле за улици, а нула проценти за етничките албански села во општина Битола.
-Генерацијата моја една огромна бројка се надвор од државата. Некој овде мене интелигенцијата ми ја потценува и нормално е да излезам кога два и пол саати се расправате овде за еден мајмун , а немате никакви идеи за како да ги вратиме тие колеги кои ја напуштија државата“, ги искара Керими другите советници.
Ж.З.
Битолскиот Народен театар ја одложи премиерата на претставата „И коњите ги убиваат, зар не?“ во режија на Мартин Кочовски, која беше закажана за 10 март. Следниот термин е на 17 март, откако Министерството за здравство ја продолжи препораката за одложување на јавните собири до 13 март, како превентивна мерка поради корона вирусот
ЈКП "Водовод" Битола известува дека на ден 10.03.2020 година поради интервенција на водоводната мрежа, од 9 до 13 часот ќе има прекин на водоснабдувањето во подрачјето кај Градската библиотека и зградите кај Стара болница.
Изработена е нова сообраќајна студија за уредување на коловозот од крстосницата кај Педагошки факултет до бензиската пумпа на Макпетрол на излезот од градот.
,,Сообраќајната студија опфаќа пешачки патеки, велосипедски патеки и нов коловоз во делот каде што нема заклучно со мостот кај бензиската пумпа", најави претседателот на Советот Валентин Груевски.
