2win800x200

Ексклузивно: Бисера Костадинова и Петар Николовски кандидати за пратеници на СДСМ од Битола

Март 09, 2020

Универзитетскиот професор Бисера Костадинова, член на Извршниот одбор на СДСМ во Битола и Петар Николовски претседател на Социјалдемократската младина на Македонија од Битола се двјцата битолчани чии имиња ќе се најдат на кандидатската листа со пратеници на СДСМ и коалицијата во петтата изборна единица, дознава неофицијално Апла.мк од партиски извори.

Професорката Костадинова, неофицијално, ќе биде на третото место на листата што е секеко добитно, веднаш зад министерката за одбрана Радмила Шекеринска и координаторот на пратеничката група Јован Митревски како носители во петтата изборна единица. Младиот Николовски, според истите извори, ќе биде седуманесети кандидат.

Исто така, неофицијално дознаваме, дека на четврто место ќе биде Лазе Танески од Охрид, , на петто Бети Рабаџиева од Ресен, шестото и седмото место остануваат за други челнови од коалицијата, на осмо е Александра Цветкоска од Кичево, а на деветтото не е исклучена можноста да биде уште еден битолчанец Никола Бабовски од ДСВМ, актуелен директор на Агенцијата за финансиска поддршка за рурален развој и земјоделство. Се очекува СДСМ за наскоро да излезе со официјално соопштение за имињата на кандидати за пратеници во шесте изборни единици.

Редакција Апла

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани