Анета Блажевска

Анета Блажевска

Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ од Битола по повод Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, организира оригинална изложба на книги од женски автори. Над 150 книги од македонски авторки се изложени во холот на Битолската библиотека. Меѓу книгите има поезија, проза, литература за возрасни и деца. Излжбата покажува колку македонската жена била и е креативна кога станува збор за пишаниот збор.

И покрај сушата и продолжената сезона за наводнување во изминатата година , како и неповолните временски услови на почетокот од оваа година акумулацијата „Стрежево“ во моментов располага со близу 50 милиони метри кубни вода, од вкупниот капацитет од 120 милиони м3 вода, потврдува првиот човек на ЈП „Стрежево“-Битола, Менде Граматковски.

ЈП „Стрежево“ и покрај неповолната хидролошка состојба во изминатиот период веќе има обезбедено вода за РЕК „Битола“ (12 000 000м3) и ЈКП „Водовод“ (5 000  000м3) а остатокот на вода за останатите  водокорисници (земјоделци).

Книгата „Цивилното население во Битолско за време на Првата светска војна“ чиј автор е д-р Мери Стојанова, денеска беше промовирана во битолскиот Завод и Музеј. Во книгата се содржани податоци од истражувања од педесеттите и шеесеттите години на минатиот век, како и авторски истражувања на Стојанова во Битолско, Преспа и Струмичко.

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска денес не потврди, нити пак ги отфрли шпекулациите дека таа ќе биде носител на листата со кандидати за пратеници на СДСМ во изборната единица 5.

„Само кога највисоките партиски органи ќе ги потврдат листите тогаш тие се официјални. Штом ќе бидат потврдени ќе биде известена јавноста“, рече Царовска.

ЈКП Водовод Битола апелира  до сите корисници да ги припремат своите шахти  за  да бидат достапни на  инкасантската служба  да може слободно да ја евидентира состојбата за потрошената вода за пиење.

ЈКП Водовод Битола  започнува со редовно читање на состојбите на водомерите за потрошена вода  во пролетниот период, со воведувањето на новиот електронски  начин.

Членовите на младинскиот Интеракт Клуб Битола Широк Сокак“ и Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола покренуваат кампања за важноста на читањето во раната возраст како дел од светскиот план „Визија 2030“ со мото „Читај да го промениш светот“, во рамките на спроведување на ЕУ програма Целите за одржлив развој на УНЕСКО Агенда 2030.


„Читањето на глас секој ден е најбитно нешто што можe да се направи за стекнување на знаења и вештини потребни за полесно снаоѓање во едукативниот процес на детето. Читањето од раната возраст помага да се развијат говорни вештини, да се збогати речникот на детето, да се запознае со светот на имагинацијата и уметноста, ги збогатува неговите вештини за слушање, помага во развој на перцепција, набљудување, внимание, размислување и логично расудување, а сето тоа ќе обезбеди трајно останување на врските во мозокот потребни за процесот на учење“, велат од Библиотеката.


Кампањата „Читај да го промениш светот“ е дел од светското движење потикнато од промовирање на важноста за читањето каде се вклучени повеќе од 40 милиони деца кои читаат по 10 часа во текот месец март.
Кампањата ќе биде спроведена преку повеќе насочени активности:

- Изготвување на промотивни материјали
- Организирање на јавни читања и дебати (работилници и предавања)
- Промоција на читањето во сите образовни и културни установи
- Активирање на клубови на читатели
- Спроведување на анкети
- промовирање на читањето преку социјални мрежи и медиуми со вклучување на познати личности, користење на Инстаграм и Фејсбук со слики и објави на следниот хаштаг:
#readtochangetheworld
#interactshiroksokakbitola
#nuub.bitola

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани