Анета Блажевска

Анета Блажевска

Жителите на крушевското село Бучин се револтирани од несовесното однесување на нивните соселани кои постојано, на исто место, во близнина на куќите, создаваат диви депонии. Бучинци реагираат затоа што се загадува животната средина, се шири неподнослива реа, а децата играат и растата во такво опкружување и покрај природната убавина и чистиот воздух во нивното село. Во повеќе наврати пријавувале до надлежните институции, но, велат, нема резултати.

Димитар Ѓоргиевски, помлад соработник во Историскиот aрхив во Битола, е задолжен да го обработува и штити фотографскиот фонд и другите лични материјали останати од првите сниматели на Балканот, браќата Манаки. Тој вели дека фондот на Манаки е еден од најбараните фондови за истражување како на национално, така и на интернационално ниво на Балканот, а и истражувачи od секаде низ светот се интересираат и го истражуваат.

                     
       Им се соопштува на пензионерите - членови на Здружението на пензионери од општина Битола и општините Новаци и Могила, дека утре 6 март 2020 година во 11.00 часот, свечено ќе се отвори Клубот на пензионери кој се наоѓа во зградата на Здружението, се вели во соопштението од  Здружение на пензионери од  Битола                 
                                                                              

Пукната водоводна цевка помеѓу „пелагонка“ 2 и Градската библиотека ги остави граѓаните без вода. Дефектот се случил околу 5 часот изутрината, а екипите на ЈКП Водовод веднаш излегоа на терн. 

-Дефектот е на цевка Ф 225  кај Градската бибиотека, нашите екипи се на терен се работи на санирање на дефектот, изјави директорот на ЈКП Водовод, Горан Козаров. 

voda 1

voda 2

Денеска децата од градинката ,,Мајски Цвет” во придружба на нивните воспитувачки и директорката на градинката го посетија ЈКП „Водовод“ . Најмладите изведоа рецитал од неколку стихотворби и песнички и поделија рачно дизајнирани честитки и испратија порака за среќен 8-ми Март до сите жени во претпријатието.

Рек Битола потпиша договор за набавка на 6 еколошки автобуси на природен гас за превоз на работниците. Јавната набавка ја доби фирмата ,,Аутомакедонија”, која ќе треба да ги испорача автобусите најдоцна за 8 месеци.

Автобусите ќе бидат од јапонскиот производител ,,ИСУЗУ”,и нивната вредност е 1,4 милиони евра.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани