Анета Блажевска

Анета Блажевска

Екипи на КЈП „Нискоградба“ деновиве работат во надворешниот дел на Oфицерскиот дом, поставувајќи нова атмосферска и фекална канализација, која ќе биде приклучена кон главната улична одводна каналска мрежа.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорот на КЈП „Нискоградба“ Методи Силјановски извршија увид во работата на терен. Силјановски појасни дека со атмосферската канализација, покрај надворешните води од објектот, ќе бидат опфатени и атмосферските води од партерното уредување.

Вредноста на оваа инвестиција е 1,5 милиони денари, средства од Општина Битола.

Во внатрешноста на објектот се работи на сите катови од Офицерскиот дом, според предвидената динамика. Во одредени делови е поставена нова дограма, а се работи и на поставување на инсталационите системи. офиоцерски 33

офицерски 44

 (Државното музичко училиште од Битола годинава празнува 73 години од своето постоење. Во 1947 година започна со работа Нижото музичко училиште, со одлука на тогашната Народна влада на Р.Македонија. Наставата започна да се одвива само со еден клавир, две труби и неколку виолини. Првите педагози во скромни услови, несебично го пренесувале своето знаење на 148 ученици во таа прва година на постоење. После дванаесет години, музикото во нови простории за прв пат добива концертен клавир. Во 1962 се формира Средно музичко училиште.

„Нашето училиште е многу значајно за културното издигање на градот како и за афирмација на Битола и Македонија насекаде низ светот. Нашето музичко семејство е огромно, битолското музичко училиште е расадник на музичари, инструменталисти, теоретичари, хористи, солисти, професори. За жал, поради состојбата со вирусот КОВИД-19, ова се тешки моменти и за културата и образованието во Македонија, па така оваа година, за прв пат од своето постоење, Музичкото училиште нема да одржи годишен концерт“, пишува на интернет страницата на Музичкото училиште.

Но, годишнината нема да ја остават необележана, па изработија видео со музички изведби на учениците од Државното музичко училиште во Битола.

Изречени се вкупн пет прекршочни платни налози за битолчани кои не носеле маски, соопштија од СВР Битола за Апла.мк. Четворица битолчани биле казнети вчера, а еден пред седум дена. Тие се казнети по член 6 став 2 од Уредбата за носење лична заштита и ќе треба да платат по 20 евра. 

На територијата на Секторот за внатрешни работи Битола, кој освен битолската ги опфаќа и општините Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево поднесени се вкупно 13 прекршочни пријави. Покрај за петтемина битолчани, уште за пет жители на Прилеп и три во Македонски Брод. 

Ж.З.  

 

Јавното претријатие за изградба и одржување на јавен превоз и паркирање и уредување на јавен превоз во Општина Битола, ЈППЈЛП – Битола, им соопштува на граѓаните на Општина Битола, дека услугата за наплата на паркинг преку СМС порака, преку сервисот на припејд и постпејд корисниците на А1 Македонија, на 23 мај 2020 година (сабота) нема да е во функција поради техничка надоградба на софтверскиот систем на наплата. Им соопштуваме на граѓаните кои во дадениот период ќе ја користат услугата за паркирање, статусот на паркирањето да го регулираат со купување на гребни карти од лицата кои вршат наплата на терен и од наплатните бутки на ЈППЈЛП – Битола.

Под мотото „Сè ќе биде добро“ училиштето „Коле Канински“ го одбележа патрониот празник. По повод празникот, директорот на училиштето Зоран Мирчевски, претседателот на училишниот одбор Татјана Стаменковиќ заедно со претседателот на Синдикатот во училиштето и училишната служба положија цвеќе на споменикот нa Коле Канински во битолскиот парк.

Професорот Дејан Трајковски од Техничкиот факултет направи споредба на смртноста од КОВИД-19 во Македонија и останатите бивши југословенски републики.

,,Забелешка: во Македонија епидемијата е во тек без изгледи за брзо завршување, па вистинската стапка на смртност, пресметана врз основа на бројот на завршени (а не вкупни) случаи, е 7,45% (со интервал на доверба 6,12% - 8.78% и 95% сигурност) - највисока од сите републики. Како што ќе се ближиме кон крајот на епидемијата, така нашата стапка ќе се приближува кон оваа вредност. Во Словенија речиси нема активни случаи, па се смета дека нивната стапка е конечна. Истото важи и за Хрватска и Црна Гора, а Србија е при крај со нивната епидемија (кривите им достигнаа плафон). Остануваат Македонија и БиХ во оваа неславна трка. Толку за нашите успеси во справувањето со пандемијата, сепак проблемот е во системот", напиша Трајковски. 

Градоначалничката Наташа Петровска, преку ФБ статус на нејзиниот профил,  му одговори на носителот на листа во 5 ИЕ на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, за неговата идеја киното „Манаки“ да му се додели на користење на институции со седиште во Скопје, а со Офицерскиот дом да управува приватник.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани