Анета Блажевска

Анета Блажевска

28.05.2020 околу 17.50 часот на железничкиот премин во с.Лознани, општина Могила, патнички воз кој сообраќал на релација Скопје - Битола удрил во патничко возило „киа клаус“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.А.(58) од Прилеп. Од ударот била причинета само материјална штета, а повредени лица нема, по што возачот на возилото веднаш го напуштил местото. Железничкиот сообраќај бил во прекин. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

Полека, но сигурно се враќа животот на Широк Сокак. Амбиенталната битолска улица, која за време на карантинот во вечерните часови беше празна, вчера и денес се наполни со шетачи. Шетаат и старо и младо и уживаат во пролетната вечер. До 22 часот работат и кафулињата, па некои се попосетени, а некаде масите се уште празни.бт2

бт3

бт4

бт5

 

По два и пол месеца, битолските кафулиња денес ги отворија вратите за гости. Тие во најголем дел ги почитуваа протоколите што ги усвои  Владата за работа на кафетериите со преземање на мерки за заштита од КОВИД -19. Денес работеа само отворените делови од кафулињата со наместени маси на оддалеченост од метар и половина до два метра, а на секоја маса имаше средства за дезинфекција. 

Битолчани, познати како љубители на кафето, а на кои им недостигаше и навиката да излезат низ лоаклните на Широк Сокак, денес ги наполнаа некои од кафулињата. Некаде точно се почитуваше мерката да седат по двајца на маса, а некаде седеа по неколку пријатели. Дел од кафулињата имаа поставено и редари кои не дозволуваа да се создава метеж и внимаваа правилно да се спроведуваат протоколите. 

кафе

кафе 2

кафе 3

кафе 4

кафе 5

кафе 6

ЈП  „Комуналец“ догодина на битолчани ќе им подарува цветни садници. Од јавното претпријатие се надеваат дека на ваков начин ќе спречат несовесни граѓани да ги крадат цвеќињата со што ги нагрдуваат цветните аранжмани и жардиниерите низ градот.

-Веќе инфомиарвме дека има  несовесни граѓани кои ги крадат овие сдници што ние ги поставуваме и тоа не е мал број. Ако минатата недела реков дека се 700, сега можам да кажам дека се украдени околу 900. Имаме намера веќе од наредната година да го зголемиме производството на ваков расад и да им подаруваме на граѓаните во одредена количина, на оние кои се љубители на цвеќето. Досега низ градот имаме посадено околу 20 лјади цветни садници, од јули продолжуваме со нова бројка, што значи дека Битола ќе има околу 10 месеци цветен расад низ градот, вели Панде Богоевски, директор на ЈП Комуналец-Битола

Исто така, тој посочи дека голем број битолчани побарале од овие цветни садници „“Комуналец да насади пред нивните згради, паркичиња, урбани заедници  и на други локации низ градот

-Деновие имаме наплив од барања од граѓанте вакви цветни садници да поставиме и пред нивните згради. Но морам да им напоменам дека цветниот расад го поставуваме каде имаме систем за наводнување какпка по капка за да може успешно да се спроведува овој проект, рече Богоевски

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани