
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Врвен приоритет за СДСМ е интересот и здравјето на граѓаните и тоа се потврди со начинот на кој Владата се справува со здравствената и економската криза. Од здравствен, од економски и демократски апсект одговорно е парламентарните избори да се одржат во првиот можен рок. Веднаш штом условите го дозволуваат тоа, согласно препораките на здравствените институции, изјави на денешната пре конференција кандидатот за пратеник на СДСМ во 5 ИЕ, Горан Козаров.
Тој вели дека безбедни избори може да се спроведат ако се почитуваат препораките за носење заштитна опрема, одржување на социјална дистанца, дезинфекција и задржување од 2-3 минути на гласачкото место.
-Изборите се во процес. Процес кој беше стопиран поради корона кризата а кој по прекинот на вонредната состојба има уште 22 дена за нивно одржување - во спротивно уставниот суд може слободно да ги прогласи за неуставни. На Република Северна Македонија и треба Собрание и Влада затоа што здравствената а особено економската криза бара решенија а не политичка демагогија за подобни или неподобни изборни датуми и резултати, смета Козаров.
Ќе се реконструираат спортските терени во ОУ „Тодор Ангелевски“ во Битола. На денешната седница советниците во битолскиот Советот треба да донесат одлука за издвојување средства од општинскиот буџет со кои ќе се реконструира спортското игралиште во ова училиште. Градоначалничката Наташа Петровска на својот ФБ профил напиша дека за оваа намена се предвидени 4 милиони денари.
Наставничката по физика Валентина Степановска Андонова освои второ место со својот научен прокет „Патување на светлината“ на меѓународен натпревар во конкуренција од 15 наставници –натпреварувачи од 10 земји.
Натпреварот „Боите на небото“ во организација на "Women science teacher", Scientix, WST беше значаен настан за "Меѓународниот ден на светлината 2020" во организација на УНЕСКО.
„’Боите на небото’ беше натпревар од светски ранг наменет за сите наставници. Целта беше да се нагласи значењето на науката во нашето секојдневие. Впрочем задачата за наставниците-учесници беше знаењето поврзано со предметите: физика, биологија и хемија на умешен и интересен начин да го искомбинираат со фотографии или видеа поврзани со боите на небото и да се напише проект“, рече Степановска Андонова.
Наставничката на јавноста ѝ е позната и по големиот број награди што заедно со ученици од Основното училиште „Даме Груев“ од Битола ги има освоено на домашни и меѓународни натпревари.
Ж.З.
Да им помогнеме на здравствените работници во справувањето со корона кризата со тоа што ќе е однесуваме одговорно и ќе ги почитуваме препораките, порача Бисера Костадиновска, кандидат за пратеник од петтата изборна единица од Коалицијата на СДСМ.
Вработените од секторот „Јавно зеленило“ во ЈП Комуналец, секојдневно мака мачат со битолчани ки ги крадат цветните садници низ аранжамните во парковите низ градот. Во изминатите неколку недели, од неколку илјади цветни садници со кои е украсен градот, украдени се повеќе од 700 велат од ЈП Комуналец.
Со еден милион евра пари од европските фондови и од државниот буџет целосно е реконструиран Затворот во Битола, кој доби нов лик, со пристојни услови за затворениците и притворениците, но и за вработените во затворот. На темелите на старата зграда, никна сосема нов објект по европски стандарди. Денеска беше означен крајот на реконструкцијата.
