
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пасионираниот фотограф, Јован Наумовски, продолжува со својот фотоапарат да го "лови" парот штркови кои години наназад се враќаод Југ во своето гнездо во потпелистерско Трново.
Беше почеток на пролетта, март 1973 година, возилата доаѓаа на железничката станица во Битола. Пратката беше со четири „застави 750“ или народски познати како „фиќа“. Јас имав уплатено „застава 750 делукс“, но поради тоа што во таа пратка не пристигна верзија декукс зедов обична „750-ка“.
Владата денеска го објави протоколот за градинките во кој се пропишани критериумите за тоа како ќе се работи. Тој е составен од три дела кои се однесуваат на установата, на вработените и на родителите.
Оставка од техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, побараа битолските социјалдемократи. Велат дека со неговата изјава дека не треба да се казнуваат граѓаните кога не ги почитуваат мерките, го загрозува јавното здравје и работи на штета на граѓаните.
Центарот за јавно здравје објави дека уште кај шест лица од Битола болеста КОВИД-19 е во тек. Од појавата на болеста до денес со коронавирус заразени се 28 битолчани, од кои двајца починаа, а дваесет се излекуваа.
Колку возила учествуваа при вчерашната сообраќајна несреќа на улицата „Партизанска“ во Битола? Според очевидци на настанот, жители од околните згради, кои за време на судирот биле на улица во несреќата учествувале пет возила, некои посериозно оштетени, а некои поминале без посериозни оштетувања.
Полиција, пак, дури денес излезе со информација за сообраќајната несреќа. Во него пишува дека се судриле само две возила.
