Анета Блажевска

Анета Блажевска

Нема пријави за угостителските објекти во Битола, почит кон угостителите, рече Стојко Пауновски, директир на Државниот пазарен инспектират. 

,,Слободно можеме Битола да ја пофалиме дека во овие неколку дена немаме ни кривични, ни прекршочни пријави. Опомени има доста, но кривични пријави има во Скопје, Охрид, Струга, Струмица, Штип, Гостивар, Тетово. Битола за среќа нема и ова е за почит кон угостителите. Тие или ги почитуваат протоколите или ќе провериме да не е нешто до инспектирите", рече директорот на Пазарниот инспекторат на денешната прес конференција. 

Тој додаде дека инспекциските служби остануваат на ререн и ако се почитуваат протоколите за работа во угостителските објекти, ќе има за многу скоро време нови олеснувања. 

По вчерашната посета на Битола на Радмила Шеќеринска, министер за одбрана и носител на  листа од СДСМ во 5 ие, денеска на прес конференција реагираше Бојан Бојкоски кандидат за пратеник од Битола од ВМРО ДПМНЕ

Примерок од прекрасното пелистерско  диво лале кое е на Светската и Европскта црвена листа на загрозени видови, фотографираше на Пелистер битолчанецот Живко Најдовски, љубител на планината и познавач на растителниот свет.

Обиколницата над Битола која е дел од магистралниот пат Охрид-Битола-Прилеп и минува низ дивата ромска населба, добива нов лик. Од осум километри должина колку што е оваа делница, поставени се звучни и заштитни бариери на нешто повеќе од еден километар колку што била проценката во проектот на ЈП за државни патишта. На овој начин треба да се овозможи поглема безбедност на жителите во населбата. Градоначалничката Наташа Петровска на својот ФБ профил објави фотографии од обиколницата и напиша

 

Потревни ни се избори час поскоро , во првиот можен рок. Согласно новопрогласената вонредна состојба од две недели и согласно законските рокови, ова значи дека 5 јули е точниот датум кога ќе се одржат изборите. Секое друго одлагање без разлика дали се работи за крајот на јули, септември или октомри е неодговорно, опасно и штетно и за граѓаните и за државата, изјави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шежеринска денес во Битола. 

„Не смееме да ги ставиме граѓаните да мораат да бираат дали ќе заминат неколку дена на одмор или ќе учествуваат во најважниот демократски процес. Ниту една сериозна партија која сака зголемен и силен одзив на денот на изборите, нема да посака нити ќе предложи избори на крајот на јули. Тоа е штетно и влијае на намалување на одзивот на граѓаните. Тоа не им дава шанса на најголемиот можен број на граѓаните да учествуваат на изборите. Штетно, неодговорно и опасно е исто така, да се зборува за избори во септември зашто како општество и одговорни поединци не смееме да дозволиме државата да продолжи да функционира со техничка влада, со бројни шанси за вето и за блокирање и без Парламент. Собранието и Владата мора да се во полн технички и политички капацитет заради успешно спроведување на мерките поради пандемијата со КОВИД-19 и сите последици посебно оние економнските и социјалните од него“, рече Шеќеринска. 

Таа нагласи дека добро ќе беше датумот да се поддржеше и со консензус на политичките партии, но дека не смее да се втурнат во бескрајни преговори кои ќе ги држат граѓаните и државата во заложништво само затоа што Мицкоски се плаши од избори и преку своите министри и дополнителни министри прави саботажи на штета на граѓаните. 

„Ги повикувам сите политички партии, а особено ВМРО-ДПМНЕ и нивниот исплашен претседател Мицкоски да преземат одговорно чекори и да бидат дел од решението, а не како многупати досега да бидат извор на проблеми и предизвикувачи на кризи. Секој оној кој сака да ги одложи изборите сака да продолжи агонијата во која половично функционираат институциите, сака да ја продолжи кризата и со тоа не им посакаува добро ни на граѓаните, нити на државата. Во период кога ги олабавуваме мерките, кога можеме по посебни специјални, медицински протоколи да посетуваме меркети и трговски центри, угостителски објекти, по слични такви протоколи ќе можеме да го оставриме и нашето изборачко право , без закани по нашето здравје“, рече Шеќеринска     секеринска 2    

Пишува: д-р Александар Литовски, историчар

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани