

Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека онколошките амбулантски терапии веќе се дисперзирани и наскоро ќе се почне со нивна примена во Битола и во градовите Тетово Штип и во ГОБ „8 Септември“. Прво почнавме во овие центри затоа што таму имаме онколози, професионалци, кои соработуваат и работат заедно со експертите од Клиничкиот центар, и еднаш неделно нашите колеги од тука одат во Битола, во Тетово и во Штип, најверојатно следната недела ќе имаме и во „8 Септември“, ќе се отвори Онколошкиот центар и таму ќе почнеме со примена на терапии, рече Алиу при посетата на ЈЗУ Клиника за урологија.
Министерот истакна дека ова е прва фаза и потребно е да се има и цел тим на луѓе, ако во случај се комплицира нешто при апсорпцијата на терапијата, така што, додаде, во прва фаза ќе треба да се инвестира и веќе проектот е готов, и се анализира се што е потребно.
-На пример во Битола имаме простор за да може да се купи само ЦТ симулатор и после да се почне со терапијата, исто така треба и дополнителни обуки за колегите што работат во Битола, Тетово и во Штип, исто така и во „8 Септември“. Таа е втората фаза, затоа почнавме од првата фаза сепак се работи за пациенти и многу сме претпазливи бидејќи освен што таа процедура е сензитивна, мора да бидеме претпазливи да знаеме дека чекорот што одиме напред е чекор што е анализиран и е сигурен за сите пациенти, истакна Алиу.
Додаде дека протоколот во Битолската болница е готов и оти лично ќе оди таму со директорот од Онкологија, каде што ќе се објасни протоколот и ќе се започнат обуки, се со цел да може истиот да се имплементира.
Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски истакна дека првиот чекор за децентрализација на онколошката терапија го направиле со позитивната листа.
-Два лека од болничка листа се префрлени во аптеки и 2.500 пациенти со рак на дојка веќе не мора да одат четири пати годишно на Клиниката за онкологија. Пациентите ќе можат да ја подигнат терапијата во најблиската аптека, и 10.000 прегледи помалку на Клиниката за онкологија бидејќи тука процесот е за двете страни за да се обезбедат и достоинствени услови на Клиниката за онкологија. Многу бргу ќе биде и вториот чекор со биолошката терапија, нагласи Клековски.
Министерот Алиу минатиот месец ја објави новината во онколошката грижа – третманот на пациенти со карцином веќе нема да биде ограничен само на Скопје. Онколошките услуги ќе бидат дисперзирани и во болниците во Штип, Тетово, Битола и ГОБ „8 Септември“.
На 10.08.2025 во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од с.Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола, информираа од полицијата.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Со хоризонтална сигнализација се обележува кружниот тек кај Ат Пазар во Битола каде е поставен споменикот на војводата Александар Турунџев. ЈП Паркинзи Битола обележувањето на новите пешачки премини ги направи ноќеска. Нова хоризонтална сигнализација е поставена на улиците "Прилепска" и "Батаљон Стив Наумов". Фото - граѓани на Битола

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на 128 седница ги усвои роковите за сите дејствија за одржување на Локалните избори 2025, откако претходно денеска нив ги распиша претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Првиот круг за избор на градоначалници и членови на советите на 80 општини и на градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг од изборите за градоначалници треба да се одржи на 2 ноември, во единиците на локалната самоуправа во кои изборите нема да завршат во првиот круг.
Изборната кампања за првиот криг почнува на 29 септември во 00.00 часот и трае непрекинато до 17 октомври до 24 часот. За вториот круг изборната кампања трае до 31 октомври до 24 часот.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, ги соопшти обврските според Роковникот/Календарот кои, рече, ќе бидат објавени како посебни/поединечни изборни дејствија.
Соопшти дека од денот на распишување на изборите, односно од денеска, ДИК ќе достави писмено барање до Министерството за внатрешни работи за ажурирање на Избирачкиот список и за 48 часа МВР ќе треба да достави податоци. Од 23 август до 11 септември до 00.00 часот Избирачкиот список ќе биде ставен на јавен увид во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК (кои ќе работат во две смени) каде што граѓаните ќе може да ги проверат своите податоци. Избирачкиот список ќе биде заклучен најдоцна 15 дена по завршување на јавниот увид односно 26 септември.
До 13 септември до 24 часот е рокот до кога ќе може да се поднесуваат листите на кандидати на учесници на изборите до општинските изборни комисии. Жрепката за редни броеви на гласачко ливче ДИК ќе ја организира најдоцна до 25 септември. Најдоцна до 16 октомври, односно три дена пред изборите, сите подносители на листи со потврдени кандидати имаат право да достават предлози за овластени претставници односно набљудувачи на изборите до изборните органи – до ОИК и за набљудување на денот на гласање за избирачките одбори.
Најдоцна до 27 септември ќе се потпише Кодексот за фер и демократски избори.
-Сите учесници на изборите со потврдени кандидатски листи должни се да отворат трансакциска сметка наменета за избори и да обезбедат Единствен даночен број најдоцна 48 часа по потврдувањето на нивните кандидатски листи од ОИК, рече Кондарко.
Кривична пријава против четири лица за тешка кражба, нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.М.(39) од Ресен и И.Б.(19) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и против Д.Н.(29) од Битола и М.Џ.(27) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „прикривање“.
Прво и второпријавениот, во периодот од 01.02.2025 до 23.04.2025 во два наврати извршиле „тешка кражба“, при што на делница од Битола до село Кременица одзеле поголема количина на акумулатори, сопственост на Јавно претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Северна Македонија. Додека, трето и четвртопријавениот за одредена сума ги откупиле предметите и покрај тоа што знаеле дека потекнуваат од кривично дело и не го пријавиле во МВР.
На тој начин пријавените предизвикале материјална штета во висина од 10.606.746 денари. На прво и второпријавениот од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.
СЕ ПОСТАВУВА СПОМЕНИКОТ НА ВОЈВОДАТА АЛЕКСАНДАР ТУРУНЏЕВ
Водовод Битола со соопштение до граѓаните за прекинато водоснабдување на Брусничко-лавчанскиот регион.
