2win800x200

На 02.08.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во с.Долно Дупени, ресенско, ги лишиле од слобода Х.Љ.(36), Д.С.(41), Ј.Н.(28), сите од Битола и А.А.(35), И.Т.(47), Б.С.(37), сите од Скопје, бидејќи кај нив се пронајдени и одземени повеќе пакувања марихуана. По документирање на случајот против лицата ќе следува соодветна пријава.

Вчера (26.07.2023) во периодот од 09.00 до 15.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 89 возачи. Од нив, 57 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 32 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. 

На 17.07.2023, во рамки на „Безбедно лето 2023“, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола спроведоа акциска контрола, при што на ул.„Караорман" во Битола беа пронајдени и одземени нелегално исечени дрва. Дрвната маса е предадена на Шумска полиција за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

При акциска контрола на СВР Битола во Битола , Ресен и Прилеп затекнати малолетници во угостителски објекти после 24 часот и конзумирање алкохол

 На 15.07.2023 година во времето од 00:00 до 04:00 час, од страна на криминалистичката полиција при СВР Битола постапено е по план за „Безбедно Лето 2023“ при што извршена е акциска контрола за присуство на малолетници во 7 угостителски објекти за точење алкохол на малолетни лица при што  легитимирани биле 50 лица и констатирано било присуство на 6 малолетници и 2 точења на алкохол на малолетни лица. Во Ресен ,полициски службеници од ОВР Ресен, во простории за забава по 24 часот и во два угостителски објекти, затекнати биле 11 малолетници .Во Прилеп ,на  улица ,без надзор од родители се затекнати  двајца малолетници после 24 часот при што истите се предадени на родителите.
При контролата ,во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на   СВР Битола од населба Карпош во Битола, го лишиле од слобода  Е.М.(38)од Битола.При преглед од истиот одземена е марихуана.По документирање на настаните ќе следуваат соодветни пријави, соопштија од СВР Битола.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани