2win800x200

 

 
Во последните денови на подрачјето на СВР Битола настанаа неколку пожари на отворен простор како последица од намерно запалени стрништа.
СВР Битола апелира до  граѓаните на подрачјето на СВР Битола
– да не се пали оган на отворен простор;
– да не се палат стрништа, земјоделски и други површини;
– да не се пали отпад и друг горлив материјал;
– да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.
Доколку забележат пожар на отворен простор граѓаните најбрзо што може да го пријават во надлежните институции. Потсетуваме и дека непочитувањето на законите ќе биде санкционирано и соодветно ќе бидат казнети сите кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните.

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (10.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 96 возачи, меѓу кои 51 мерки за возење повеќе од дозволената брзина , 19 мерки за возење без возачка дозвола, 15 возачи за управување под дејство на алкохол. Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење,  четири санкции за непрописно престигнување....
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани