2,17 и 2.05  промили алкохол во крвта,  толку покажал  дрегерот  на полицајците кои синоќа ги стопирале  и побарале да измерат дали овие возачи  управуваат  моторно возило под дејство на алкохол.  Двајцата  се  рекордери  меѓу 51  пијани возачи кои синоќа од 23 до 5 часот ги сопрела полицијата на територијата на СВР Битола кога беше  спроведена  засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. 

За време на контролата биле санкционирани и 47 други видови прекршоци.


Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, велат од СВР Битола

СВР Битола известува дека утре, на 17.06.2023г., во период од 19:00ч до 22:00часот на улица “ПАРТИЗАНСКА” од кружен тек ВЕРО, па се до ТРИАНГЛ КАФЕ, во Битола за сите патнички и товарни возила сообраќајот ќе биде затворен, бидејќи во тој период ќе се одвива ПРВАТА НОЌНА ЖЕНСКА ТРКА ВО БИТОЛА- “ БИДИ СВОЈА" Се замолуваат сите возачи на патнички моторни возила да ги почитуваат насоките дадени од полициските службеници.

На 26 и 28.05.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица од општа надлежност при СВР Битола по преземени мерки и активности на подрачјето на Битола пронајдоа и им вратија на сопствениците претходно украдени предмети. Имено, од правно лице од Битола биле одземени предмети од нива во атарот на с.Могила, а од А.Т.(31)  од  Битола од вело-паркинг на ул.„Столарска“ во Битола, бил одземен велосипед, негова сопственост, кои биле пронајдени и вратени. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 24.05.2023 во 18.30 часот во Битола на ул.„Димитар Илиевски Мурато" од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола бил лишен од слобода И.Г.(29) од Битола. Тој, управувајќи патничко возило „пасат“ со битолски регистарски ознаки, кај место викано „Грозд“, преку отворен прозорец со воздушна пушка испукал во кучиња скитници. Од него биле одземени воздушна пушка „гамо“ калибар 4,5 мм. и пакување со дијаболи. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по Законот за оружје.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани