2win800x200

Казнети 89 возачи за брзо возење, полицијата продолжува со засилени контроли

Јули 27, 2023

Вчера (26.07.2023) во периодот од 09.00 до 15.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 89 возачи. Од нив, 57 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 32 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани