2win800x200

Замрзнаа Пелистерските очи

Декември 19, 2018

Деновиве замрзнаа Пелистерските очи, Големото и Малото езеро. Иако ова е вообичаена слика за Баба Планина во декември, која е целосно под снег, сепак , само најупорните вљубеници го освојуваат планинскиот убавец во зимските денови.

Група планинари се искачија до Големото и Малото Езеро и покрај снежните наноси и силниот ветер, а фотографијата ја направи битолчанецот Горан Стојковски.

Поради ниските температури деновиве, двете езера се под мраз од неколку сантиметри, а снегото се задржува на површина, а кога температурите подолг период се под нулата, езерата имаат дебел слој на мраз и посетителите тогаш можат да се движат по површината.

pelister2

pelister

pelister4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани