2win800x200

Битола го слави заштитникот на градот, Свети Нектариј (фотогалерија)

Декември 17, 2018

Битола го слави Свети Нектариј, заштитникот на градот. По тој повод, синоќа се одржа традиционалната занаетчиска манифестација „Битолски еснафи“, а потоа и културно-уметничка програма во Народниот театар. Утринска литургија се служеше  во храмот „Свети Димитриј“ во Битола, а потоа и литија низ улиците на градот.  

 Во рамките на културно-уметничката програма настапија три црковни хорови, машкиот хор„Св. Ахил Преспански“ од Ресен, женскиот хор „Св. Злата Мегленска“ и машкиот црковен хор „Св. Нектариј Битолски“.

Свети Нектариј беше прогласен за заштитник на Битола пред единаесет години. Од епархијата велат дека воспитувањето во христијански дух го добил од Битола пред пет века кога во градот постоеле стотина цркви и манастири. 

Според житието, родителите на Некатриј биле побожни. Се верува дека мајка му ја сонувала Богородица, која ги предупредила со сопругот и децата да се сокријат пред османлиските војските што ќе дојдат. Така се спасиле, а потоа Некатриј заминал за Света Гора, каде се замонашил. И денес неговите мошти се наоѓаат во Кареа, во келијата каде што живеел и се молел. Битола, иако го прогласи за заштитник ги нема неговите мошти. На литијата која се одржува во негова чест на 18 декември се изложуваат моштите на Свети Агатангел, исто така светец кој потекнува од Битола. Во последните години расте бројот на битолчани кои денот го земаат за куќна слава.

„Ближен не се станува со зборови, ближен се станува со искрена насмевка, ближен се станува тогаш кога без умисла подавате рака, ближен се станува тогаш кога неповратно давате помош. А токму тоа најмногу ни недостига во нашето општество во денешницата. Катадневно сме сведоци дека ни смета раската во очите на другиот, а не ја забележуваме гредата во нашите очи. Токму тоа треба да го промениме. Ако порано се пукаше со куршуми, денес сме сведоци и слушаме зборови полни со омраза, кои што се се, само не човечки. “, рече градоначалничката Наташа Петровска.

За значењето на светецот, кој ја чува Битола, говореше неговото Високо преосвештенство, митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски г. Петар.

„Патронот го одгледала Битола, како што е опеано во неговиот тропар. Уште од многу млад се огледал кон Господа, се подвизувал најпрво во манастирот Свети Врачи кај Битола, заедно со својот замонашен татко Пахомиј, а потоа и на Света Гора. Во вечното христово царство заминал на 18 декември, денот кога и го славиме како наш заштитник“, посочи митрополитот г. Петар.

DSC 1161

DSC 1172

DSC 1065

DSC 1100

DSC 1219

DSC 0850

DSC 0900

DSC 0913

DSC 0964

 

DSC 1011

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани