2win800x200

Синот на Гордана Анастасова нововработен во Градската библиотека во Битола

Февруари 20, 2024

Синот на директорката на ОУ „Климент Охридски“ Битола, Гордана Анастасова, која е и висок партски функционер во ОО на СДСМ Битола е нововработен во Градската библиотека НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола. Извори од Библиотеката за Апла.мк потврдуваат дека младиот Анастасов од неодмана е вработен како помошник библиотекар со средно образование.

На Анастасова и испративме две пораки дали нововработениот во Библиотеката е  член на нејзиното семејство, но досега не ни одговори. 

Анастасова, како што неодамна објавивме е меѓу пријавените неколкумина партиски локални функционери на ОО на СДСМ за кандидати за пратеник на следните парламентарни избори. Таа е партиски секретар од април 2022 година по доаѓањето на Драган Крајовски за претседател на ОО на СДСМ Битола. 

 

А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани