2win800x200

На дневен ред во Советот - 3 милиони денари за РК „Еурофарм Пелистер“ како награда за победата

Мај 31, 2023

Парична награда од 3 милиони денари ќе изгласа Советот на Општина Битола за Ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер“ кој стана шампион во Машката супер лига за натпреварувачката сезона 2022/2023. Ова беше на предлог на советникот од СДСМ Борче Корлевски, а точката да биде ставена на дневен ред едногласно беше прифатена од сите советници.

Корлевски на говорницата изглезе со маица на ракометниот клуб и рече дека пред три години некои од политичарите и советниците ја критикувале нивната идеја за спортската платформа со која се фузираа Еурофарм и Пелистер, а сега славеа заедно со ракометарите и другите битолчани.

„Пред три години ние донесовме една спортска платформа за ракометна Битола. Овие денови славевме сите битолчани за шампионска титула додека некои плукаа порано по нас. Овој клуб наш заслужува поддршка , па предлагам толчка на дневен ред 3 милиони денари награда за освоената титула после 18 години. Тоа што не можевте пред три години ете ви можност денес да го поддржите и изгласате, кога бакнувате трофеи, убаво е и денес да ги поддржите“, рече Корлевски.

На 27 мај „Еурофарм Пелистер“ стави победнички печат на шампионската ракометна титула во Македонија освоена по 18 години пауза со триумф пред домашните навивачи против Тиквеш (35:26).

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани