2win800x200

Полицијата го пронајде возилото украдено вечерва во Битола, приведен крадецот

Ноември 15, 2023

 

 
Денеска (15.11.2023) во 20.00 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода Д.Р.(37) од Битола.
 
Тој се сомничи дека денеска околу 19.11 часот во Битола на ул.„Булевар Први Мај" користејќи го тоа што клучевите биле оставени на бравата, одзел патничко возило ,,сеат" со битолски регистарски таблички .
 
Од страна на полициските службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани