2win800x200

Коњановски: Кружниот тек кај Ветеринарна се прави според документацијата и обезбедени средства со едногласна поддршка на Советот

Јуни 07, 2023

Изјава на градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски

Во врска со подготвителните активности за реализација на проектот за изградба на кружен тек кај Ветеринарната станица, деновиве од страна на СДСМ изнесени се повеќе невистини, така што би сакал да го потенцирам следното:

Кружниот тек се прави согласно проектот за употреба и одржување на коловоз за крстосница за ул.„Прилепска“ и ул.„Баталјон Стив Наумов“, за чија реализација се предвидени средства во буџетот на општината, после прифаќањето на амандманот на ВМРО ДПМНЕ и добиената едногласна поддршка од сите советници, на 22 седница одржана на 28.12.2022.

За непречена реализација на проектот на предвидената траса, беше утврдено дека е потребно сечење на дрвја, при што, постапено е согласно Законот за урбано зеленило и Одлуката за комунален ред на општина Битола и изготвено е решение со кое ЈП Комуналец доби задолжение за расчистување на теренот и негово оспособување за изведување на градежните активности за реализација на проектот.

Притоа, не е повикана полициска асистенција ниту од страна на општината, ниту од страна на ЈП Комуналец, затоа што, активностите не влијаеа на сообраќајниот режим. Лага е дека постапувањето е извршено со полициска асистенција, како што е лага и дека потребно било постапување од страна на општинскиот инспекторат, затоа што испочитувани се сите законски постапки, врз основа на кои е донесено и решението за постапување.

Верувам дека, ширењето лаги и невистини ќе запре, затоа што општината продолжува со реализација на сите оние проекти кои добија поддршка од граѓаните, меѓу кои е и проектот за изградба на кружен тек кај Ветеринарната станица.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани