2win800x200

Надзорот констатираше забелешки за кружниот тек кај Ветеринарна, изведувачот ќе ги отстрани на своја сметка, соопшти градоначалникот Коњановски

Јануари 31, 2024

 Советникот од независната група Поинаку, Иван Чулаковски, на својата ФБ страница апелираше  градоначалникто Тони Коњановски да побара одгвороност од изведувачаот и надзорот за  новиот  кружниот тек кај Ветеринарната станица 

-Јас да сум на ваше место ќе си побарам одгворност од изведувачот и надзорот. Нека си го направат како што треба, не за два месеци да се распаѓа, напиша Чуаковски.

Му одгвори градоначалникот Коњановски.  

-Во интерес на јавноста и за информирање на советникот Чулакоски од ПОИНАКУ во врска со пишувањата за кружниот тек кај поранешната ветеринарна станица ситуацијата е следна.
Од страна на општинската администрација и надзорот се константирани забелешки при изведбата на завршниот слој не само на оваа локација и на уште една и истите ќе бидат отстранети на сметка на изведувачите. Општина Битола додека јас сум градоначалник како и во минатото и во иднина сите недостатоци кои ќе бидат константирани ќе ги сносат самите изведувачи.За разлика од некои кои не знаат поинаку освен да критикуваат и да зборуваат празни зборови, без желба да превземат било каква одговорност, Општина Битола и јас како градоначалник дејствуваме отчетно, транспарентно и посветено во интерес на граѓаните.
 
Од ЛДП Битола потесртија дека укажуваа на проблемот и претходно 
 
-Говоревме дека е згрешен овој кружен тек!  Говоревме дека пропаднаа шахтите на истиот!  Укажувавме дека, освен за гужва во која се чека и до 10 минути, не му служи за ништо на битолчани! Сега се распука и асфалтот на него, а е ставен само пред 3 месеци, стои на ФБ страницата на ЛДП-Битола. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани