2win800x200

Крајовски: Наводите на ВМРО ДПМНЕ за состојбата во Затворот се целосно неточни, партијата да го стави на дневен ред работењето на директорите на јавните претпријатија

Јуни 20, 2023

Интегрален текст од изјавата на Драган Крајовски, директор на Затворот во Битола

Во целост се неточни наводите искажани од членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕК за состојбата во Затвор Битола. Тоа е класичен обид да ги затскријат неуспешните директори на ЈП во Битола, назначени од ДПМНЕ. Повикувам да се остават на мира вработените во Затвор Битола кои им служат на установата 24/7 и осудените и притворените лица кои генерално се дисциплинирани и почитуваат куќен ред во издржувањето на затворките казни и мерката притвор.
 
Состојбата со прекувремените работни сати се провлекува подолго време заради тоа што не се вработувале лица на испразнетите пензионирани работни места. Вработените имаат поднесено тужби за вишокот работни саати и дел се исплатени, дел се неусогласеност на нормативи. Со цел да се надмине оваа состојба откако јас сум именуван за директор во затворот, реализирани се вработувања што претставуваат повеќе од половина од сите вработени.
 
За тоа на кое осудено лице ќе му се определи третман со отворено одделение одлучува стручен тим. Законот не дозволува во ниедна постапка директорот да одлучува дискреционо.
 
По однос на пречистителната станица, како и секој еден дефект или проблем што ќе се појави во Затворот се запишува во дневните извештаи и веднаш се бара решение за истиот, па така и за пречистителната станица кога ќе се појави проблем се ангажира стручно лице. Ќе напоменам и фактот дека Затворот е приклучен на канализациона мрежа (фактура од нискоградба), плус добиена е согласност од сите ЈП за реконструкцијата од 2020 и имаат во евиденција дека затворот поседува пречистителна станица и ако има потреба ќе се обратиме.
 
 
Бидејќи членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ се претставува како душегрижник ја повикувам да побара свикување состанок во својата партија и да го стави на дневен ред работењето на директорите на јп од нивните редов. Целата битолска јавност ги прогласи за некадарни, освен ИК на ДПМНЕ.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани