2win800x200

СДСМ Битола: Дали ВМРО-ДПМНЕ ги слуша шпекулациите за битолскиот затвор од Бончановски или ги побркале со оние од Тaлески за прилепскиот?

Јуни 22, 2023

 

Интегрално ја пренесуваме прес конференцијата на Ивона Труфунов од СДСМ Битола:

„Три дена трае хистеријата на ДПМНЕ Битола за директорот на битолскиот затвор Драган Крајовски, воедно и претседател на ОО СДСМ Битола, ама никако да фатат корен глупостите што од партиската говорница ги чита член на ИК на ДПМНЕ која сеуште се надева на пратенички мандат.

Дали ДПМНЕ Битола ги слуша шпекулациите за состојбите во битолскиот затвор од поранешниот секретар на Општина Битола, Слободан Бончановски кој таму издржува казна затвор од пет и пол години за злоупотребите со бесплатниот ученички превоз?
Дали во ДПМНЕ Битола ги побркале информациите за условите во прилепскиот со условите во битолскиот затвор? Поранешниот градоначалник од ДПМНЕ, Владимир Талески, издржува казна затвор од седум години, ама тоа што им го кажува на сопартијците е за Прилеп, не за Битола.
Сѐ што треба да знаат за битолскиот затвор во ДПМНЕ Битола, е дека тој е реновиран, токму во времето на Драган Крајовски, и ги очекува сите сторители на кривични дела што се кријат во нивните редови. А, ги има на претек.
- Лидерот на ДПМНЕ Битола и директор на Водовод има две кривични пријави за злоупотреба на службената положба.
- Поранешен секретар на ДПМНЕ Битола е осуден на казна затвор во траење од пет месеци за кривично дело “Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот”.
- Актуелен советник од ДПМНЕ е осуден на осум месеци казна затвор за злоупотреба на службената положба и овластување.
- Службеник во Општина Битола, симпатизер на ДПМНЕ, е осомничен за мито и пред неколку дена излезе од притвор во битолскиот затвор.
Почитувани од ДПМНЕ Битола,
За една и пол година власт, најголемиот успех што го постигнавте со Коњановски на чело се кривичните пријави што ги заработија ваши истакнати функционери и поддржувачи. Заради ова, сакате во јавноста да наметнете претстава дека сите сме исти. Ама, не е така.
Директорските смени што ќе следат во неколку јавни претпријатија во Битола за кои некој ви шепнал, и самите знаете многу добро дека се неповрзани со вашите небулози. Тоа се партиски одлуки со кои вие немате допирна точка. Истото не може да се каже за рокадите што ги правите на директорските места во јавните претпријатија во Битола. Во една година сменавте по двајца директори во Комуналец, Пазари и Паркинзи, ама никако да ви тргне работата. Наместо да се расправате со опозицијата, свртете се кон себе. Битола ја покрадовте и уназадивте и ништо од ветувањата не реализиравте!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани