2win800x200

СДСМ за завршната сметка на ЈП "Комуналец"

Април 25, 2023

Интегрален текст од прес конференцијата на Борче Корлевски, советник од СДСМ

 
18.499.604 денари е загубата на Јавното претпријатие Комуналец во 2022 година!
 
Ова е Даночниот биланс на Комуналец испратен до Управата за јавни приходи, а ова е Одлуката на Управниот одбор на претпријатието. Во нив јасно стои дека Комуналец ја завршил минатата година со загуба од над 300.000 евра. 
 
Ова е успехот на директорите од ДПМНЕ, ова е заслуга на градоначалникот Тони Коњановски! 
 
Како не му беше срам на директорот на Комуналец, Горан Степановски, да прати до Советот на Општина Битола Извештај за работа во кој стои дека биле набавени 20 пластични контејнери и заменети биле 350 тркала на стари контејнери? 
 
Ако имаше барем тронка одговорност за своето работење, Степановски немаше да дозволи Комуналец цела мината година да продаде 37 ружи. 
 
Во Комуналец нема нови камиони, нема нова механизација, нема нови расадници. Има загуба од над 300.000 евра неизвесност за иднината. 
 
Дали директор била Гордана или е Горан, матрицата на ДПМНЕ е иста – да се разграбат народните пари и да се уништат претпријатија кои треба да се сервис на битолчани. Со вакво недомаќинско и расипничко работење, само прашање на време е кога Комуналец ќе оди во стечај, кога ќе поскапи губретарината, кога вработените ќе останат без плата, а Битола затрупана во ѓубре. 
 
Ама, рибата не смрди од опашката, туку од главата!
 
Градоначалникот Тони Коњановски упорно молчи и ништо не презема. Неговата одговорност за работата на јавните претпријатија е најголема оти тој назначува и разрешува директори. Наместо да им служи на граѓаните, Коњановски одлучи да им служи на партиските интереси. Комуналец нека книжи загуби, важно да врват партиските зделки на ДПМНЕ. А, битолчани нека се гушат во неизметени и неизмиени улици и контејнери што течат од сите страни.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани