Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во рамките на проектот „Денови на човековите права“, денеска уметниците Herve Potelle I Alexandre Rajkovic,  пред влезот на битолската библиотека цртаа  мурал на тема “Фауна и Флора – право на живот во здрава средина“
 
Настанот го организираат Француската Алијанса од Битола, Француската амбасада и Националната установа Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола.
 
 
Проектот се реализира веќе една недела, со различни настани, а целта е да се подигне свеста за човековите права.
 

Горан Козаров е новиот директор на ЈП „Водовод“ во Битола, а Панде Богоевски на ЈП „Комуналец“.

Шест дена  регионалната ТВ Мега од Битола не зрачи програма,  а  последната вест на нејзината веб страница е од 11 декември. Засега нема официјално известување зошто телевизјата престана да зрачи програма, но новинарските екипи од вторникот не излгуваат на прес конференции и настани, а неофицијално,  вработените не одат ниту на работа. Не се знае зошто медиумуот по точно 3 години отако почна да емитува програма во регионот, сега го нема во етерот..

Централниот штаб на Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, на денешната средба во Скопје , донесе став доколку претстојниот Конгрес на партијата на ВМРО-ДПМНЕ не настапи под предзнакот „обединувачки“ нема да земат учество на него.

Црквата која ќе ни помогне, да нѐ преизане ќе ни биде сестра, а не и мајка зашто нашата црква има корени од апостол Павле, рече преспанско-пелагонискиот владика Петар за барањето Бугарската православна црква да стане мајка црква на МПЦ.

Одделот за внатрешна контрола при МВР е известен за недоманешниот инцидент што се случил помеѓу тројца битолски полицајци. Според полицискиот извештај, пред два дена во 23,30 часот полицискиот службеник И.Д. од Битола пријави дека  два часа претходно на крстосница од улиците „Партизанска“ и „Методија Андонов Ченто“ управувајќи го сопственото возило „ауди“ бил сопрен од полициските службеници Б.Б. и А.Ј. од СВР Битола кои, како што се пожалил, со приватно возило „цитроен“ вршеле службени дејствија.

Станари од зградите со број 15 и 17 на улицата „Игњат Атанасовски“ реагираат дека некој ги пресекол столбовите со улично осветлување. Тие јавно прашуваат зошто  се пресечени столбовите  и кој им ја затворил улицата со рампа. Велат дека во овој дел од населбата во Нова Битола владее сообраќаен хаос. 

Шадрванот пред Јени џамија се реставрира со старите камења и нов бело-сив мермер за водоскок. Шадрванот се наоѓа во напосредна близина на  џамијата чија реставрација е во завршна фаза. Останат е од отоманско време и без разлика што во последните години ја имаше изгубено функцијата на фонтана, односно од него не течеше вода, сепак е симбол на Битола.

Станари од зградите со број 15 и 17 на улицата „Игњат Атанасовски“ реагираат дека некој ги пресекол столбовите за улично осветлување. Тие јавно прашуваат зошто  се пресечени столбовите  и кој им ја затворил улицата со рампа. Велат дека во овој дел од населбата во Нова Битола владее сообраќаен хаос.image 0 02 05 c7a4f07b222a780ec7679e11c1ff10f0e9c8d57fad3b1dcf0f467b133a1f2834 V Дел од улицата „Игњат Атанасовски“ во мрак

Независната иницијатива „Поинаку“ на плоштадот Магнолија го презентираше проектот за згрижување на бездомните животни во прифатилиште. Презентацијата беше направена на отворено пред граѓаните со цел да се поттикне поголем интерес и поголема свест кај битолчани за решавање на  овој проблем.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани