
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Алал/Ј’зк
Алал за академскиот сликар Никола Славевски кој ја создаде оригиналната инсталација за егзодусот што ѝ се случи на Битола со иселувањето. Инсталацијата пред неколку месеци беше поставена пред споменикот на Филип Втори во Битола, а деновиве е дел од неговата изложба „Обои црвено“ поставена во Фоајето на Центарот за култура. Инсталацијата се состои од скенер за метал како оној на аеродромите, редица куфери и импровизирана авионска карта за лет во странство. На неа на местото патник на англиски пишува млади, заминување- колку што е можно побрзо, а како компанија е наведена „Independent MKD Airlines“.
„Инсталацијата всушност е крикика на процесот на иселување на младите во државата, односно на негрижата на општеството и заедницата за проблемот. Имавме период кога претходната власт беше многу понационалистичка, зборуваше за патриотизам, а мене ми беше нелогично како некој зборува за патриотизам, а не создава услови за живот на младите генерации, на оние кои се иднината“, вели Славевски.
Ј’зк зашто не се создадоа услови битолчани да останат во својот град, да имаат работа и езгистанција, па да не мора иднината да ја бараат по белиот свет. Битола се испразни со иселеничкиот бран во последните години. Нема официјална бројка колку битолчани заминаа, но паралелките во училиштата се празнат како никогаш досега. Не остана семејство во градот кое нема некој роднина што заминал во странство. Се смета дека Битола уште еднаш ја доживува историјата од 20 век кога беше најпечалбарски град во земјава.
И вечерва во Битола мерните станици регистрираа зголемени концентрации на ПМ 10 честичките. Загадувањето се зголемува започнувајќи од 16 часот, кулминација достигнува од од 17 до 20 часот, а потоа бележи благ пад, но сепак вредностите остануваат високи.
Битолската библиотека НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, денеска го одбележа свјот патрон празник со свечена програма и повеќе активности.
Воздухот во Битола беше екстремно загаден со ПМ10 честички вчера во вечерните часови и утрово според мерења објавени на интернет страницата на Министерството за животна средина.
Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ" во соработка со Центарот за култура во Битола, организираат Божиќен и новогодишен концерт, со настап на вокалната група „Фолклорно друштво и тамбураши на Хрватската читална“ од Херцеговац Хрватска. Концертот ќе се одржи во сабота со почеток од 19, 30 часот во Малата сала на Центарот за култура во Битола.
„Хрватската читална“ е основана во 1921 година и претставува центар на културните настани во општината Херцеговац и околниот регион. Во рамките на „Читалната“ дејствува и аматерскиот театар „Пучка сцена“, фолклорното друштво, тамбурашкиот оркестар и вокалната група. Организатори се на повеќе манифестации со долгогодишна традиција и тоа: „Златен славеј“, фестивал на детска песна основан во 1990 година, Денови на хрватскиот театар , меѓународен фестивал на аматерскиот театар основан од 1995 година. Повеќе претстави од оваа сцена гостуваа во Битола. Вокалната група е основана пред пет години и настапуваат под диригентска палка на Николина Марениќ.
Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“, секоја година традиционално го одбележуваат Божиќ, со гостување на ансамбли и групи од градови од Хрватска или места на Балканот, каде дејствуваат хрватски здруженија. Културните гостувања и соработки траат долги години колку што постои и друштвото „Марко Марулиќ“, се со цел презентирање и запознавање на македонската јавност со богатата хрватска култура и традиција. Изминатите години во текот на своето над 25 годишно постоење, ова здружение организираше многубројни гостувања како на хрватски здруженија, ансамбли и уметници во Битола, така и на македонски театри, уметници, ансамбли во Хрватска.
Битолските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска и Зоран Илиоски, со амандман од државниот буџет бараат 600 милиони денари за изградба на Универзална сала во Скопје. Ова на својот фејсбук профил го објави пратеникот на СДСМ од Битола, Васко Ковачевски, кој претседава со Комисијата за финансирање и буџет.
Општина Битола, заедно со државата бараат начин како да се покријат огромните долгови на битолските средни и основн училишта, кои во моментот должат 4,5 милиони евра.
На 7 декември во 1993 г. во Скопје, почина Блаже КОНЕСКИ, учесник во Антифашистичката и националноослободителна војна на македонскиот народ, филолог, поет, универзитетски професор, академик. Роден бил во селото Небрегово, Прилепско, на 19 декември 1921 г.
ЕВН побара битолските училишта да ги подмират долговите за електрична енергија, во спротивно на училиштата ќе им биде исклучена струјата. Денеска екипи на ЕВН биле излезени на терен, но по интервенција на Министерството за образование, тие биле повлечени, со цел да може нормално да се одвива образовниот процес