
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Возрасен битолчанец пријавил дека на паркинг во Битола по расправија со две лица едниот извадил пиштол и упатил закани по живот. Полицијата не открива дали кавгата била за паркинг место или сосема нешто друго. Заканувачот се уште непознат за полицијата.
Голем број верници вечерва ја посетија црквата " Св. Пантелејмон" во близина на студенскиот дом на улицата "Студентска" во Битола, каде спроти утрешниот празник за здравје палат свеќа или пак доаѓаат да се напијат од светата вода која извира од изворот во црквата. Се верува дека оваа вода помага во лекување на очни и кожни заболувања.
Годинава награда за докуметнарен филм ќе додели и Општина Битола. Одлуката општината домаќин да дели награда на филм од документарната програма паднала затоа што и браќата Манаки на времето својата филмска кариера ја започнале во областа на документаристиката.
Македонскиот музички волшебник, кој средно музичко училиште го завршил токму во градот на браќата Манаки, Битола, композиторот Љупчо Константинов, е годинешниот добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ што годинава по јубилеен 40 пат ќе се одржи од 14 до 21 септември во Битола. Наградата ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија.
Познатиот македонски композитор Љупчо Костадинов е годинешниот добитник на наградата ,,Голема ѕвезда на македонскиот филм" на 40 издание на фестивалот ,,Браќа Манаки". Оваа награда ја доделува Друштвото на филмските работници во Македонија.
Нови фасади, замена на старите прозорци со ПВЦ дограма , нови подови, санитарни јазли, парно греење... Три училишта во Општина Могила во селата Добрушево, Радобор и Долна Чарлија ова лето се обновуваат.
-Пред прагот на новата учебна година во три училишта во Општина Могила интензивно се работи, се доградуваат и реконструираат со цел да се подобрат условите за учениците и наставниците, вели градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска.
Забрането е искористување на фотографии од порталот Апла.мк без да се наведе изворот! Непрофесионално е да се крадат и злоупотребуваат фотографии од нашиот портал и да се користат за нечие исмејување или величење. Овој пат нема да го именуваме лицето што го направи тоа, но случајот ќе го пријавиме во Советот за етика. Доколку не ги повлечи, без дозвола земените фотографии, ќе следува и тужба.
На плац кај Буковски ливади, поточно на улица „Буковски Мост“ вчера сабајле околу 4 часот од засега непознати причини се запалил камион „Ивеко Стралис“ и две полуприколки со битолски регистарски ознаки, сопственост приватна на фирма. Од СВР Битола извршиле увид.
Во гаснењето на пожарот интервенирала битолската Противпожарна единица со две возила и неколку пожарникари. Од таму за Апла.мк велат дека на истиот плац имало пет камиони, а оној кој се запалил не бил возен десетина дена. Со интернецијата спречиле пожарот да се рашири и врз другите камиони.
Се истражуваат причините за пожарот, а не е исклучена можноста да бил подметнат.