Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во Музејот на град Зеница во Босна деновиве е поставена изложбата „Невестински соништа“ на етнологот д-р Мери Стојанова, кустот советник во битолскиот Завод и музеј. Изложбата се состои од постери и пет копии сувенири на невестиснки ковчези од 19 и почетокот на 20 век во кои невестите го носеле својот чеиз.

Мерната станица на платформата Земи здив  во месноста Бадембалари, денеска попладне покажа високи концентрации на штетни честички во амбиенталниот воздух. Со помош на жителите  од Бадембалари, кои направија фотографии и видео се откри и  изворот на аерозагадувањето- запалена отпад, а огнот ја зафати и сувата трева во околината.

На територијата каде интервенира Битолската противпожарна единица годинава се евидентирани 312 пожари што е рекорд. Пожарникарите велат дека само во март на територијата на Битола имало во еден ден осум пожари. Изминатите денови, иако темературите  беа многу високи, немаше голем број на пожари. Но, сепак со интерневции од претходните месеци се достигнува рекорден број газнења незапаметен во последните години.  

46 годишниот битолчанец, со иницијали З.С. ,возачот на “цитроен берлинго“, загина на самото место во тешка сообраќајна несреќа што денеска околу 12:40 часот се случила на магистралниот пат, Прилеп – Битола, кај селото Тополчани.

Во еден ден пламнаа три пожари на територијата на општина Новаци за кои нема точни податоци од што се предизвикани, но постојат сомнежи дека биле потпалени.

Полицијата информира дека -На 02.08.2019 година во 03,00 часот во с.Дихово-битолско, во двор на вила сопственост на Д.М. од страна на неговиот зет за ќерка Р.Р.Џ. (58) било опожарено патничко моторно возило „Опел Корса“ со битолски регистарски ознаки и кровот на вилата, a по претходна расправија. Р.Р.М. е приведен од полициски службеници. Се работи на расчистување на случајот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани