Анета Блажевска

Анета Блажевска

Маж на 27 години  починал на лице место откако сечејќи дрва, едно паднало врз неговата глава.

-На 18.08.2019 во 15,40 часот во Полициската станица Ресен од Итната медицинска помош било пријавено дека во с.Брајчино, при сеча на дрва едно дрво го удрило во пределот на главата И.С.(27) од Скопје. Од страна на лекар констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Битолчанецот Владимир Неделковски го освои 56 место на Светскорто првенство во параглајдинг што денес заврши во Крушево. Пласманот е одличен ако се знае дека на натпреварот учествуваа 151 натпреварувач од 48 земји. Резултатот е постигнат по изведени летови во десет диспиплини. Останатите членови од македонската репрезентација Горѓи Ристовски од Скопје го освои 83 место и Дарко Станковски од Велес се пласира на 101 место. Македонската репрезентација го зазеде 23 мето од 48 репрезентации.нашите

Превенството го промовира Крушево како светска десетинација за параглајдерство. На него учествуваа четири учесници повеќе од најбројното првенство досега. Во текот на десетте натпреварувачки денови натпреварувачите прелетаа 130 000 километрикинези

натпревар

 

Изградбата на Градскиот стадион во Битола продолжува, така што деновиве се гради вториот ред од северната трибина. Според локалните власти се очекува  до октомври трибината да биде во фаза на карабина, а потоа и занаетчиските работи. Вкупната инвестиција е 5,5 милиони евра, а сите пари ги обезбедува Општина Битола. Ланската година беа платени 1,1 милиони евра, а во текот на оваа и наредната ќе се плати остатокот од парите.

стади

ЈКП Комуналец- Битола  започна со менување на уличното осветлување во градот. Замената на светилките стартува од улицата „Васко Карнгелевски“ за која вечерва минувачите забележуваат дека се е осветлено како да е ден.

-По преземањето на одржувањето на осветлувањето од страна на ЈКП Комуналец,  претпријатието започна со менување на постојните сијалици со нови ЛЕД ламби. Се започна од улицата „Васко Карангелевски“, а ќе се продолжи по улиците „Партизанска“,  „Ремо“ и „Иван Милутиновиќ“. Планот е Битола во наредниот период да добие комплетно ново осветлување, но и Општината да плаќа пониска цена за уличното осветлување, вели за апла.мк  Валентин Груевски претседател на Советот  на Општина Битола .

Салата од лубеница со сирење и рукола послужена во пресечената  корупка од самата лубеница. Тавче гравче, полнети пиперки и  тиквички испечени во земјени тави, мусака, неколку видови на месо, либанско лебче со три вида на макала со лук, питулици со лук, орев и сирење, кошница направена од вкусно тесто полна со домашни кифлички... Вино со разни мирудии. Ова беше само дел од трпезата на битолчанката Александра Печалева, или нашата Сандра, подготвена од нејзините вредни раце за да ги пречека десеттината туристи од Франција кои на поминување низ Битола сакаа да го вкусат и доживеат токму нашето, македонското, локалното и по многу нешта посебно гостопримство. Сандра во тој момент е како уметник, нејзините бои се сите бои на природата, а платното, нејзината трпеза.

naslovna

Општинската комунална инспекција излезе на терен и побара од фирмата изведувач на станбениот комплекс во „Областа“ да го почитува Законот за градба и механизацијата да не излегува од градилиштето  со валкани гуми, туку претходно да ги измие.

Најдолгата пешачка зона, Широк Сокак, има сѐ помалку место за пешаци. Иако на секоја делница од главната битолска улица, поставен е сообраќаен знак за забрана за возила, запрежни коли,  велоспеди и мотори, сепак се почесто може да се забележи дека не се почитува сигнализацијата, со што во опасност се пешаците, а најмногу децата.

„Станбениот комплекс што се гради во „Областа“ не остави цело лето со затворени прозорци поради прашината, улицата е редовно со кал,а за бучавата од градежните машини да не зборуваме“, реагираат жители на улиците  „Нико Фундали“ и „Север и Југ“ во Битола каде се гради нов станбен комплекс.

Според нив од градежните работи се дига голема  прашина и не можат да ги отворат прозорците во текот на денот, а асфалтот на улиците „Нико Фундали“ и  „Север и Југ“ е постојано со кал во правец во кој се движат камионите на изведувачот.

Жителите од оваа населба бараат изведувачот да подигне повисока  заштитна мрежа, зошто постоечката не е доволна за да се намали разнесувањето на прашината, како и тоа улиците по кои се движат камионите со градежен материјал и земја да се мијат намалку три пати на ден, велат жители од населбата во реакција до апла.мк.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани