2win800x200

Петар Николовски реизбран е за претседател на Локалниот клуб на Социјалдемократската младина на Македонија во Битола. 

„Голема благодарност за дадената доверба од страна на раководатвото, но и обврска да го продолжиме патот на младинските политики во нашата држава, со кои младите ќе останат дома. Благодарност и до сите членови на ЛК СДММ Битола, со кои заедно градиме силна, европска и динамична организација која е целосно вградена во успесите на државата. Сите ние, млади социјалдемократи претставуваме нова, модерна генерација македонски политичари на кои чесноста, одговорноста, интересот на граѓаните и моралните вредности им се суштинска карактеристика. Ние сме моторот на СДСМ, гласни и одлучни секогаш кога треба', рече Николовски. 
 

Петар Николовски истакнат член на СДСМ е избран да ги води младите социјалдемократи од Битола во наредните две години. На денешната редовна конференција за избор  на Николовски  присуствувале  дел од општинското раководство на СДСМ Битола, дел од поранешните претседатели на СДММ Битола, како и генералниот секретар на СДММ Виктор Велевски, потпретседателот на СДММ Никола Рилак и членот на извршниот одбор на СДММ Марко Спиркоски.

Николовски е избран едногласно. На конференцијата исто така се  избрани и извршниот и надзорниот одбор. 

нанан

еден

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани