Петар Николовски реизбран за прв човек на младите социјалдемократи во Битола

Декември 22, 2020

Петар Николовски реизбран е за претседател на Локалниот клуб на Социјалдемократската младина на Македонија во Битола. 

„Голема благодарност за дадената доверба од страна на раководатвото, но и обврска да го продолжиме патот на младинските политики во нашата држава, со кои младите ќе останат дома. Благодарност и до сите членови на ЛК СДММ Битола, со кои заедно градиме силна, европска и динамична организација која е целосно вградена во успесите на државата. Сите ние, млади социјалдемократи претставуваме нова, модерна генерација македонски политичари на кои чесноста, одговорноста, интересот на граѓаните и моралните вредности им се суштинска карактеристика. Ние сме моторот на СДСМ, гласни и одлучни секогаш кога треба', рече Николовски. 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани