Анета Блажевска

Анета Блажевска

Го добивме мандатот  од граѓаните со ветување дека заедно ќе ги решаваме сите прашања и проблеми. Свесно, чесно и одговорно остануваме цврсти во решеноста да бидеме сервис на граѓаните и да покажеме дека не е невозможно да бидат вклучени во функционирањето принципи кои ќе значат јасно и силно почитување на граѓаните. Ветуваме оставрување на визијата Битола да биде општина каде единствено ќе се ценат и почитуваат промените, победите и проектите. 

Запрашан дали се во коалиција со Поинаку и Левица, одговори „не сме во официјална коалиција, туку сите заедно сме во коалиција со граѓаните''. На прашањето што побараа за возврат Поинаку и Левица, за ВМРО-ДПМНЕ да го има мнозинството во Советот,  рече дека немаат разговарано, не се занимаваат со политиканство и ситни политички поделби.

 

 

ВМРО-ДПМНЕ и Поинаку ја официјализираа својата коалиција. Со тоа се потврдија сонмежите за предизборната кампања на иницијативата која се претставуваше како независна и граѓанска со старото режимско ВМРО-ДПМНЕ кое ја пустошеше Битола цели 12 години, рече советникот од СДСМ, Методија Илиевски, по изборот на Габриела Илиевска од Поинаку за претседател на општинскиот Совет

Факултетот за биотехнички науки-Битола по иницијатива на Факултетското студентско собрание спроведе еколошка работна акција за чистење на дворот околу факултетската зграда.

Со 18 гласови Габриела Илиевска од Поинаку е избрана за нов претседател на Советот на Општина Битола. Таа освои повеќе гласови од Менде Илиевски од СДСМ, кој беше нејзин противкандидат за претседателска функција во Советот.

-Битола испишува историја. За првпат во историјата на градот Советот на Општина Битола добива претседател кој доаѓа од граѓанска листа. Она што го постигнавме на избори денес го крунисавме. Тоа значи дека од сега во Советот ќе се работи само за интресите на битолчани  и нема да има поделби кој од која политичка партија е. Демократијата во Битола добива нова нота а Битола, почнува да живее поинаку, рече Илиевска во своето обраќање пред Советот

За Илиевска гласаа 13 советници од ВМРО ДПМНЕ, 3 од Поинаку и 2 од Левица.

Конститутувната седница на општинскиот Совет започна со пауза откако градоначалникот Тони Коњановски најави нови точки на дневен ред кои мора итно да се донесат. Тие се однесуваат на измени на буџетот и информација за работата на зимската служба кои мора да се донесат до 15 ноември. Советникот од СДСМ Менде Илиевски побара пауза од 15 минути за да ги добијат материјалите за дополнителните точки на дневен ред. Марица Тодоровска од ВМРО-ДПМНЕ како највозрасен советник ја води првата седница и дозволи пауза од 15 минути.

Коњановски во првото обраќање како градоначалник од говорницата рече дека е важно да се тргни политиката од локалната заедница и сите да работат за општ, а не за личен интерес.

 

received 1004633173448437

received 972729989986484

received 2392593347537194

На денешен ден, 15 ноември во 1923 година,  во село Долно Агларци, Битолско, роден е Дојчин Апчевски, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, општественик и политичар.

Во текот на изминатата вечер (13/14.11.2021) спроведена е контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на цела држава, при што санкционирани се 141 возач. Од нив, 34 на територијата на СВР Скопје, 25 на територијата на СВР Битола, 20 на територија на СВР Тетово

Денеска полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 62 возачи.

23 санкции се изречени на територија на Битола, 22 на територија на Прилеп.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од полицијата
 

Пишува: Александар Литовски

Вчера попладне во 17.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола била донесена почината С.С.(18) од Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани