2win800x200

Студенти, професори и вработени на Факултетот за биотехнички науки во заедничка еколошка акција

Ноември 15, 2021

Факултетот за биотехнички науки-Битола по иницијатива на Факултетското студентско собрание спроведе еколошка работна акција за чистење на дворот околу факултетската зграда.

На работната акција во саботата, се вклучија деканот на Факултетот, професори, вработени во службата на Факултетот и студенти.
I R compress 1636996157485
 
Иницијативата доаѓа на предлог од новоформираното Факултетско студентско собрание на факултетот, кои во иднина ветуваат и други активности кои ќе бидат во интерес на студентите.
 
I R compress 1636996158059
-Факултетот за биотехнички науки-Битола е отворен за соработка со студентите и ги поддржува сите проекти кои ќе придонесат за подобрување на студентскиот стандард, посочуваат од оваа високообразовна установа.
I R compress 1636996158476
 
 
Четиричасовната работна акција која помина во позитивна атмосфера беше
поттикната од потребата за заштита на животната средина, поради што Факултетот заедно со студентите се договорија ваквата еколошка акција да премине во традиција, со што ќе одржува хигиената, а ќе има  и пријатна неформална дружба.
I R compress 1636996156930
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани