Анета Блажевска

Анета Блажевска

25.12.2021МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С)

4 Лазарополе,
6 Попова Шапка,
7 Скопје Петровец, Маврови Анови, Крушево,
8 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Тетово,
9 Демир Капија,
10 Штип, Крива Паланка,
11 Охрид, Берово,
12 Виница, Прилеп, Претор,
13 Битола,
14 Гевгелија.
 
ВРЕМЕТО УТРЕ (26.12): Претежно облачно, во западните делови со локaлeн дожд, а доцна попладне дожд ќе има и во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
 
FB IMG 1640458644709
 
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во понеделник ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Услови за локален дожд ќе има до среда. Температурите во следните денови ќе бидат над просекот за овој период од годината, а тоа ќе предизвика постепено топење на снежната покривка на планините.
 
FB IMG 1640458454573
 
 
Извор: УХМР

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Во текот на вчерашната вечер (24/25.12.2021) во периодот од 22.00 до 03.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола, при што санкционирани се 35 возачи. 

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од СВР Битола

Децата и вработените  од градинката „Естреја Овадија Мара“ со повеќе активности минатата недела го одбележаа патрониот празник  на установата - 25 Декември под мотото ,,Во срце те носиме, со тебе се гордееме". Го споделуваме видеото направено од  активностите  по овој повод. 

„Сумнал“ – Здружение за развој на ромската заедница во Битола организираа предавање на тема „ Да, депресијата се лечи!“„

Предавањето го одржа проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска.

„Предавањето „Да, депресијата се лечи!“ цели да ја зголеми свеста за депресијата, особено во ромската популација. Сакаме да им доловиме на луѓето кои немаат предзнаење за депресијата, дека тоа е болест како секоја друга, дека се лечи, дека има многу можности да се подобри животот и да се спречи страдањето. Присутните беа запознаени со начинот како депресијата се манифестира, нејзините форми, како луѓето се чувствуваат, како се лекува и како можеме да им помогнеме. Се надеваме дека ќе помогнеме да се разбијат предрасудите и невистините кои кружат во народот за депресијата“, рекоа од „Сумнал“. 

Вчера, во близина на Градскиот пазар кај Турската менза во Битола полициски службеници кај 50- годишниот А.Љ. од Битола  пронашле и одземеле 415 разни видови пиротехнички средства.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me