Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во услови на енергетска криза, кога речиси и да нема земја во Европа и регионот која не е погодена од новонастанатата ситуација, АД ЕСМ ги презема сите неопходни чекори за оптимизација на работата, согласно законските можности кои ги има на располагање. Политичко етикетирање на вработените во компанијата и комбинатот и нивна поделба на подобни и неподобни никој досега ниту помислил, ниту направил. Оттаму, сметаме дека лидерот на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ е првиот и единствениот кој политички ги етикетира вработените во компанијата и во комбинатот, со што ги поткопува напорите на менаџмантот за справување со енергетската криза.

Што се однесува до работењето на РЕК Битола, најостро ги осудуваме инсинуациите за затворање на комбинатот кои политичката партија ВМРО – ДПМНЕ ги споделува во јавност подолго време. РЕК Битола ќе продолжи да работи без разлика на енергенсот што ќе го користи за производство на струја. Јагленот ќе се користи за производство на струја се додека струјата произведена од јаглен е економски исплатлива. Најголема потврда за тоа е набавката во вредност од 17,5 милиони евра на дел од потребаната механизација за ископ што АД ЕСМ ја реализира годинава, а за следната година планира нова набавка со која ќе може да се врши ископ на јаглен и од наоѓалиштето во Живојно. Паралелно со овие активности, се одвива процесот на трансформација кон обновливи избори на енергија и тоа на никаков начин не го загрозува опстанокот на РЕК Битола, пишува во реакцијата на ЕСМ. 

             Пуштањето вработени на принуден одмор е реваншизам во ЕСМ, но порачуваме дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да стави катанец на РЕК „Битола“ туку ќе вложи во негова модернизација и нема да брка вработени, рече Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција пред РЕК.

            „Катрастрофалната состојба во електро-енергетскиот сектор во Македонија и најавата од менаџментот на ЕСМ дека без никаков критериум и методологија ќе бркаат луѓе и да ги праќаат на принуден одмор зашто не успеале успешно да ја раководат компанијата, не е ништо друго освен ревнашизам со неистомислениците.  Ние порачуваме дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го затвора РЕК Битола, туку напротив да вложува во негова модернизација и во еколошките перформанси за заштита на животната средина. Нема да има партиски подбни и неподобрни, туку работници кои си ја вршат или не работата. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера кон никого да се реваншира и да брка од комбинатот туку планира профитабилно да го води како што го остави во 2017 година со милијарда и пол денари депозити, со над 350 милиони денари на сметка со нула долгови, комбинат кој во тоа време произведуваше ,а денес се послабо произведува’, рече Мицковски.

Денеска министерот за здравство Венко Филипче одржа работен состанок со синдикалните здруженија на здравствените работници, на кој се потпиша анекс на колективниот договор според кој во годината што следува е предвидено да се реализира зголемување на платите за 5% за сите вработени во здравството. Вкупно 600 милиони денари се издвоени за оваа намена за 2022 година.

 

„Во изминатите 4 години оваа Влада го врати достоинството на лекарите и медицинскиот персонал. Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%. Платите на лекарите специјалисти некаде се дуплирани. Го корегиравме коефициентот за дежурства. На младите колеги специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основна плата на општ лекар. Граѓаните заслужуваат најдобра медицинска нега, а здравствените работници достојни услови за вршење на нивната дејност', соопштија од Министерството за здравство. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me