2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Познатиот битолски анестезиолог д-р Тања Струмениковска - Ристевска се закити со највисокото признание во областа на здравството! - По повод Светскиот ден на здравјето 7 ми Април д-р Тања Струмениковска – Ристевска од Битола е наградена со Повелбата “Д-р Трифун Пановски” која ја доделува Македонското лекарско друштво. "Денес, на Светскиот ден на здравјето, на свечената прослава на 81-годишнината од основањето на Македонското лекарско друштво, ми беше доделена Повелбата „Д-р Трифун Пановски” – највисокото признание од областа на здравството во Македонија.

 FB IMG 1775596210700
Оваа награда им ја посветувам на сите мои колеги, медицинскиот персонал и пациентите, затоа што медицината е тимска работа. Без нив, немаше да го добијам ова најголемо признание.
 
Честит Светскиот ден на здравјето на сите кои секој ден се грижат за здравјето на пациентите!, oбјави д-р Тања Струмениковска Ристевска
ЈКП Водовод – Битола започнува со реконструкција на водоводната мрежа на ул. Караорман.
Во рамките на овој проект е предвидена реконструкција на водоводната мрежа, која опфаќа замена на постоечките цевки со полиетиленски во должина од 165 метри, како и изведба на 26 нови приклучоци. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 1.449.418,00 денари.
Со реконструкцијата ќе се обезбеди поквалитетно и постабилно водоснабдување за корисниците и ќе се подобри целокупната водоводна инфраструктура.
Продолжуваме посветено да инвестираме во модернизација и унапредување на водоводната мрежа, во интерес на сите граѓани.
665906161 1276176344650798 4831376920043272365 n
668726185 1276176424650790 6541072923065357603 n

СОЗДАДЕНИ УСЛОВИ И ЗА НОВИ ЖИВОТНИ ОД ЗООЛОШКИТЕ ГРАДИНИ ВО СКОПЈЕ И БЕЛГРАД

 
Привилегија за најмладите е што Битола има зоолошка градина, најчесто посетувана од нив заедно со своите најблиски. И оваа зоолошка градина е единствена во овој регион. Грижата на Општина Битола на дело се манифестира преку помагање за подобрување на благосостојбата на животните, со што станува уште попривлечна за посетителите, особено во пролетниот и летниот период, а често е посетувана и од група ученици како од Битола, така и од други градови, но и од соседна Грција.
 
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски беше во посета на градината каде ќе се реализираат два проекти. Од директорот Жарко Тренковски беше информиран за плановите и динамиката на изведба.
 
Едниот проект е изградба на објект терариум, а другиот изградба на објект за копитари и двата од министерството за култура и туризам, а аплицирани од Општина Битола на вториот владин повик.
 
Во моментов во зоолошката градина се работи на интензивно пролетно средување,  на оплеменување на живеалиштата. Денеска се очекуваат да пристигнат и нови жители на зоолошката градина ( мајмуни од врстата на патас, мајмуни од врста на лемури, коати) од зоолошката градина во Скопје, а во текот на овој месец или мај се очекува да пристигнат како подарок со потпишаниот меморандум за соработка меѓу зоолошките градини од Битола и Белград, следните животни: бизон, антилопи, коати, свети ибис, сервал, буву буву.
 
Зоолошката градина оваа година планира програма за едукација на вработените во зоолошката градина во Загреб.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани