2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА ПРАЗНИЧНА БАКЛАВА ВО БИТОЛСКОТО МУФТИСТВО

 
По повод Рамазан Бајрам, градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски го посети битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими на празнична баклава.
 
Коњановски изрази благодарност за поканата и уште едаш го чeститаше празникот. 
Во срдечен разговор се зборуваше за одбележувањето на празникот, како и за  состојбите во градот, проектите кои се реализираат.
 
Битолското муфтиство и годинава ја продолжи својата традиција по повод празник Рамазан Бајрам пред просториите во старата чаршија, посетителите беа послужени со баклава.
 
Измината недела градоначалникот на Битола ја организираше традиционалната  ифтарска вечерва.

Почина Драги Гроздановски поранешен пратеник од Битола. Гроздрановски е роден 1957 година во Битола. Завршил правен факултет, беше пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во првиот состав на парламентот, беше претседавач на Советот на Општина Битола и истовремено координатор на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Функцијата директор на Агенција за разузнавање ја извршуваше во два наврати во периодот од март 2000 година до февруари 2002 година и од мај 2003 до септември 2004 година. Погребот ќе биде извршен утре. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани