
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на Ковид-19 во:
Професорот по македонски јазик Александар Адамовски напиша творба за хероината Елпида Караманди, која ја објавуваме по повод денешниот патрон празник на истоименото училиште. Неговата поврзаност со ОУ„Елпида Караманди“ не е од сега зашто и како ученик имал можност да се образова во ова школо. Тој на учениците и наставниците им го честита денешниот патрон праник. 
Творбата ви ја пренесуваме во целост:
Со љубов и почит кон Елпида Караманди
Елпида, со гордост
го изговараме името твое,
пред училиштната биста.
Војната те зеде
од прегратките на роднините,
на небото светна
како ѕвезда летна.
За татковината
од дома замина
во лут бој,
животот го даде.
Со врелата млада крв,
земјата ја натопи,
човечките маки -
да ги скрати.
За слободата се бореше,
на убав живот се надеваше,
радост нѝ подари.
Елпида Караманди:
гордо се пее
песната за тебе,
фала ти, за јунаштвото во тебе.
Александар Адамовски, 21.04.2021 год.
ЧЕСТИТ ПАТРОНАТ, ЕЛПИДА (ПИДА) КАРАМАНДИ!
Графичката струка од СОУ „Таки Даскало“ – Битола во соработка со Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ деновиве реализираше донација на книги и обележувачи за книги по повод 23 април – Светскиот ден на книгата и авторското право. Донациите беа доставени до училишните библиотеки на сите основни училишта од Битола, како и на Педагошкиот факултет – Битола.
