2win800x200

Битолчанец дел од тимот студенти што освоија 2 и 3 место за најдобри писмени поднесоци на меѓународен натпревар

Април 22, 2021

Битолачнецот Виктор Кочински, студент петта година на мастер студиите на Прваниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, е дел од тимот македонски студенти кои успеаја да освојат второ и трето место на натпреварот Philip C. Jessup, еден вид симултано судење за спорови меѓу две држави кое се одвиваше пред Меѓународниот суд за правда во Хаг. Овој пласман успеаја да го постигнат во конкуренција на 570 тимови од факултети од 90 држави во светот.

На натпреварот учествуваа петмина македонски студенти Христијан Зафироски, Елена Јаман, Соња Атанасова, Леона Кичеец и Виктор Кочински под менторство на професорите д-р Сашо Георгиевски и доц. д-р Љупчо Стојковски.

Спорот се однесуваше на легалноста на забрани за влегување во држави во време на пандемијата, давање азил и користење самоодбата против потенцијални терористички напади. Студентите од Правниот факултет се јавија и во улога на земја апликант која прокренува спор против друга држава, но и како респондент, односно држава која одговара. Вложија голем труд, а се подготвуваа од септември минататат година. За првпат пишувале вакви поднесоци, а помогнаа и менторите да се доведат до перфекција.

Инаку битолчанецот Кочински студира на насока меѓународно право, односи и право на ЕУ, а му останува само пишувањето на магистерската теза која ќе се базира врз тематиката на Jessup натпреварот. Во иднина сака да се занимава со меѓународно право пред Меѓународниот суд на правда или во дипломатија и надворешни односи меѓу држави.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани