
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ од Битола на својот ФБ профил објави видео и текст во знак на поддршка на протестот кој денес се одржува во Скопје, со кој се бара слобода за уставобранителите, како што ги нарекоа осудените лица за настаните во Собранието од 27 април 2017
„Правдата не смее да биде слепа. И еден ден во затвор на неправедно осуден е тежок како година. Македонија не смее да ги заборави своите синови. Слобода за уставобранителите и поддршка на општонародниот протест!“ пишува на ФБ на ОК ВМРО-ДПМНЕ-Битола.
Од СДСМ одговорија дека ВМРО-ДПМНЕ денеска го покажа своето виситнско режимско и насилничко лице.
Времето утре ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола ќе се движи од 5 до 18 степени
Денеска во Битола се регистрирани 44 новозаболени, а оздравени 67 пациенти, а починале 2 лица на 79 и 85 години. Активни се 1183 случаи. Во КОВИД центарот во Клиничката болница во Битола, хоспитализирани се 124 пациенти.
Ви ја пренесуваме последната математичко статистичка анализа на универзитетскиот професор од Техничкиот факултет во Битола, др. Дејан Трајковски
Во Битола денеска се регистрирани 52 новозаболени од КОВИД-19, оздравени има 72 лица, и едно починато лице на 65 години. Се уште е висок бројот на активни слуачи, 1205. Во Битолската болница се хоспитализирани 131 пациент, што е најмногу од КОВИД центрите во внатрешноста
Во пресрет на 25-ти април, Денот на основањето на ДНУ/МНД-Битола, Македонско научно друштво-Битола на јавноста и презентира изложба на фотографии и документи – „Наши години“. Изложбата е поместена во Фоаје на НУ Центар за култура-Битола и ќе биде отворена до 5-ти мај.
Универзитетскиот професор др. Томе Наумов, од Високата медицинска школа во Битола, вчера не успеал да го одржи закажаниот испит со студентите. Кога стигнал во својот кабинет му било соопштено дека веќе не работи во оваа установа, односно дека е пензиониран, и покрај тоа што ја искористил законската можност да продлжи да работи до 67 години, откако на 12 април наполнил 64, за што доставил писмена изјава до ВМШ.
