2win800x200

Вчера во СВР пријавени пет физички напади- во Битола вработен бил нападнат од сопственик на угостителски објект

Јануари 04, 2021

На 03.01.2021 во ОВР Прилеп, Р.З.(40) од Прилеп пријавил дека на улица „11ти Октомври“ во Прилеп, додека бил со неговиот брат З.З., му се доближил Д.С. со остар предмет во раце и неколку други лица, од кои едно имало пиштол. Според пријавеното, лицата им го оштетилe нивното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.01.2021 во СВР Битола, И.Т.(42) од Битола пријавил дека, додека бил на работа угостителски објект на ул.„Свети Нектариј Битолски“ во Битола, бил физички нападнат од сопственикот на објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.01.2021 во СВР Битола, В.Р.(40) од Битола пријавила дека на улица „Јордан Пиперката” во Битола била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.01.2021 во ОВР Прилеп, С.Б.(26) од Прилеп пријавил дека во двор на улица „Дабнички завој” во Прилеп била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.01.2021 во Полициската станица Крушево било пријавено дека на ул„Томе Никле“ во Крушево, А.М. од Крушево физички го нападнал Д.К. од Крушево. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани