Битола за мене е дом, мора да и го вратиме конзулскиот дух вели Јорго Огненовски во интервју за апла.мк

Октомври 14, 2021

Денот го започнувам... Со помислата како Македонија да ја претвориме од заробена држава во слободна држава во која секој ќе се чувствува како во сопствен дом од кој нема да сака да замине.

Најголемата моја доблест е... Скромноста секогаш ја сметам за доблест, така што, веројатно на ова прашање треба да одговорат други.

Навика што сакам да ја променам е... Со оглед на моето животно и работно искуство, секогаш кога ќе забележам или кога ќе ми посочат некоја моја грешка, прифаќам и менувам. Така што, нема нешто што не е менливо, а тоа не се однесува само на една навика.

Највредното нешто во  мојот живот е... Моето семејство.

Мое најголемо достигнување е... Сакам да верувам дека достигнувањата имаат скалило, во смисла на приватно и професионално. Приватно, најголемо мое достигнување се моите внуки, а професионално бројните филмови кои сум ги продуцирал во Америка.

Во Битола најмногу ме нервира... Потребата да се омаловажува секоја намера да се направи подобрување на состојбите во градот.

Во Битола никогаш не би променил... Чувството на граѓаните дека припаѓаат на град на конзулите, кој дух  мора да го вратиме.

Мојата најважна животна лекција е... Секој кој чесно работи и заработува, не може да не успее.

Битола за мене е... Дом.

Политиката за мене е .... Неизбежна активност за да се создаде атмосфера за нормален живот.

Градоначалничката функција ќе ми даде моќ за... Да го пренесам искуството во неколку сфери: Уништување на политичкиот криминал кој кумува на другите криминали, екологија, спорт и многу друго.

Ако згрешам дури сум градоначалник ќе ... Кажав дека суетата не ми е јака страна, така што ако згрешам нормално е да си ја признаам грешката и да ја поправам. Впрочем, има ли човек што работи, а што не згрешил?

Кога ме поствауваат незгодни прашања јас... Не постојат незгодни прашања, единствено може да сакате или да не сакате да одговорите доколку сте фатени во криминал. Само за криминалци има незгодни прашања, а јас не се чувствувам за таков.

Почитувам туѓо мислење кога... Секогаш.

Парите за мене се... Средство за опстанок. Затоа се борам секој да има доволно средства за секојдневен пристоен живот. Сметам дека секој што работи треба да заработи доволно средства за да има можност на неговото семејство да му овозможи нормална живеачка.

Кога работам под притисок јас... Притосокот зависи од тоа дали сте подготвен и што сте подготвен да издржите. Јас се сметам себе си за подготвен човек за секој предизвик.

Кога ќе се преработам јас... Нема преработување ако сте решиле од корен да го искорените длабоко вкоренетиот криминал во секоја пора од државата.

Лицемиерие за мене е... Недостаток на самопочитување и недостаток на способност да се сработи нешто на чесен начин.

Лакомост за мене е... Одраз на недозреанест и недораснатост. Еве, на пример, лакомоста кај овие политички структури кои 30 години го крадат народот покажува дека се недозреани за функциите и недораснати да бидат лидери, туку останале на нивото на малограѓани кои го нашле и грабнале азното, независно што тоа го уктрале од народот.

Се опуштам така што... Возам велосипед. Со години низ Битола и низ Скопје возам велосипед. Често бев предмет на потсмев кај граѓаните на Битола поради тоа, а денес гледам сите кандидати за градоначалници за Битола се чукаат во гради со велопатеки, со субвенции за велосипеди и што уште не.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани