Webp.net gifmaker

Осветен параклисот посветен на Исусовото воскресение во Бистрица

Мај 02, 2021

На денешниот голем христијански празник Велигден осветен беше параклисот „Воскресение на Исус Христос“ во Бистрица, Битолско, кој е подигнат по иницијатива, заложба и верување на Зоран Филковски. Параклисот се наоѓа на стотина метри од постоечката цркава „Свети Ѓорги“. Филковски вели дека ова е само почеток зашто во иднина планира да изгради голем храм посветен на воскресението Христово.

Тој верува дека на сон,а потоа и на јаве му се прикажувал синот божји и дека од него добил упатства каде и како да ги направи параклисот. Раскажува дека го видeл дури и цртежот од црквичката, а и местото каде денес е поставена. Филковски додава дека изградбата на параклисот била проследена со несекојдневни настани. Така, и жена уметник која му ја правела иконата, иако ја резбала дома со денови, делото никако не го добивало кончениот изглед. Па, Филковски ја повикал да ја донесе во параклисот. Утредента кога иконата стигнала на местото го добила кончениот лик. Таа е поставена за главна икона во параклисчето.

„Се бидува со народ, така и јас со божја помош и помош од народот го подигнав параклисот. Вложив и работна рака. Секој камен кој е вграден има свое значење. Ми помагаа и други луѓе во опремувањето на местото. Ова е само почеток зашто планирам да изградам црква со димензии 12 на 8 метри каде ќе има и лековита вода и ќе им помага на многу луѓе кои имаат проблеми со здравјето“, рече Филковски.180651579 501295897986981 2253828943933157167 n

180701121 1352683488441504 2469065067818104337 n

180790136 272918817848981 4462870939918790857 n

180877683 286865332916606 2214517672586851910 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани